Latest Video

Monday, November 2, 2009

Клетвата на Тутанкамон

Прочитајте за една од најголемите мистерии воопшто во историјата на човештвото. Клетвата на фараонот Тутанкамон, за која се верува дека предизвикала смрт на сите кои имале допирни точки со откритието на неговата гробница!

Многу години наназад се зборува за чудните ситуации при кои загинале многу од истражувачите на пирамидите и гробовите на фараоните.

„Смрт ќе дојде за тие кои го нарушуваат сонот на Фараонот...“ Овие зборови биле напишани на влезот на гробницата на египетскиот крал Тутанкамон во Луксор.СликаОваа гробница за прв пат била отворена во 1923 година, за прв пат по 3000 години. Човекот кој ја водел експедицијата бил Англичанец, Лорд Карнарвон. Клетвата на фараоните му е добро позната. Тој знае што се случило при некоја претходна експедиција кога префрлувал скапоцености во Англија.

Многу наскоро откако ги пренесол скапоценостите, си ја пукнал раката со неговиот пиштол. Потоа бродот каде што ги пренесувале работите доживеал бродолом, па куќата каде што биле чувани изгорела. И за се да биде уште побизарно, фотографот кој ги сликал сите работи, се самоубил.

Два месеци по влегувањето во гробницата на Тутанкамон, Лорд Карнарвон бил пронајден мртов и во следните шест години уште дванаесет луѓе од таа експедиција биле мртви. Во текот на годините, сите луѓе кои се поврзани со таа експедиција на било кој начин, загинале.

Долгата листа на загинати почнала едно утро во април 1923 кога Карнарвон се разбудил во неговата соба во хотелот во Каиро и не се чувствувал добро. Кога неговиот син пристигнал во хотелот тој веќе бил во несвест. И истата таа ноќ умрел. Неговата смрт била резултат на каснување од комарец - каснување кое било на исто место како и лузната на Тутанкамон.СликаПотоа смртта ги зела останатите членови, еден по еден. Личниот асистент на Карнарвон, Ричард Бетхел, бил пронајден мртов заради проблеми со срцето. Радиологот Арчибалд Рајд, кој го испитувал телото на Тутанкамон, се пожалил на исцрпеност по што заминал во Англија и таму умрел. Археологот Артур Мејс кој бил еден од водачите на експедицијата ненадејно паднал во кома и умрел пред докторите да утврдат што не е во ред со него. До 1930 само двајца од првичниот тим на експедицијата која го пронашла гробот биле живи.

Нешто подоцна, во 1939 година, од рак починал и првиот кој го открил гробот на Тутанкамон, англискиот археолог Хауард Картер, кој бил вработен од лорд Карнавор.
Клетвата на Фараоните функционирала дури и половина век подоцна. Во 1970 единствениот преживеан од експедицијата, 70-годишниот Ричард Адамсон давал интервју за ТВ. Тој им кажал на гледачите дека не верува во ’Клетвата на Тутанкамон’. По неговото интервју, додека го напуштал ТВ студиото доживеал сообраќајна несреќа по што испаднал од таксито и за малку не бил убиен од камион.

Ова било трет пат Адамсон јавно да кажува дека не верува во клетвата. Првиот пат неговата жена умрела по 48 часа. Вториот пат неговиот син доживеал авионска несреќа, за среќа преживеал, но останал парализиран. И по третиот пат кога видел дека за малку тој ќе настрадал, Адамсон рекол „Досега одбивав да верувам дека има некаква поврзаност од фараоните со тоа што се случува со моето семејство. Но сега имам поинакво мислење.“Во 1972 било одлучено богатството на Тутанкамон да биде преместено од музејот во Каиро во лондонскиот музеј заради некоја изложба. Преместувањето било надгледувано од д-р Гамал Мехрез. Мехрез бил директор на музејот и бил одговорен за богатствата на фараоните, но тој исто така не верувал во клетвата. Тој рекол „Јас повеќе од сите на светов сум замешан со гробниците и мумиите на фараоните. Па се уште сум жив. Не верувам во никаква клетва“

Богатството на Тутанкамон било преместено од Каиро на 3 февруари 1972. На тој ден д-р Мехрез ненадејно умрел на 52-годишна возраст.

Имало многу чудни случаи поврзани со Клетвата на Фараоните, но за најтрагична се смета една, во која загинале најмногу луѓе...

Во 1912, британски патнички брод преминувал преку Атлантикот за Америка. На бродот се пренесувала египетска мумија. Тоа било телото роднина на Тутанкамон, Акенатон. Заради неговата голема важност, мумијата не била сместена во багажот на бродот, туку била чувана во мала соба веднаш до кабината на капетанот. А капетановата грешка направила бродот да потоне и тој бил виновен за смртта на 1513 патници. Името на тој брод било .... Титаник.

0 comments:

Post a Comment

Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More