Latest Video

Friday, October 30, 2009

Над Романија нов облак со форма на НЛО

Облак со облик на летачка чинија се појави над небото во Романија само неколку недели откако слична необична појава имаше и над Москва.
Метеоролозите објаснуваа како московскиот феномен бил само оптички ефект што го создале одредени временски услови. Меѓутоа, снимката од Романија остава без здив.

- Не можам да разберам како досега никогаш никој не виде ваков облак, а еве сега, со временска разлика од само неколку недели, одеднаш се појавуваат два - напишал еден корисник на интернет страницата „Лајвлик“.

Некои одат до таму што шпекулираат дека вонземјаните се подготвуваат за инвазија на земјата.

Сепак, стручњаците велат дека необичните облаци се создале затоа што влагата во воздухот била помала од нула степени според Целзиус, ама не се претворила во мраз. Додека поголемиот дел од ладната вода останува во воздухот, мразот создава пена, која се спушта кон земјата оставајќи дупка со облик на крофна. Светлосниот ефект се должи на ниската положба на Сонцето.

0 comments:

Post a Comment

Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More