Latest Video

Thursday, October 29, 2009

Легендата за НЛО живее

Еден од настаните кои најсилно го зграпчија вниманието на НЛО ентузијсатите во светот - е падот на мистериозното летало во близина на американскиот град Розвел во Ново Мексико, пред точно шеесет години. Се уште има многу луѓе кои веруваат дека се работеше за „неидентификуван летечки објект" од вселената, кој американската војска едноставно го прикри.

Инцидентот Розвел сега е дел од американската легенда. Почна во 1947, во областа Ново Мексико, која, како што веруваат многумина, беше посетена од вонземјани.

Џули Шустер е директор на меѓународниот НЛО музеј во Розвел: „Тогаш еден локален фармер наишол на големо количество шут, предизвикано од грмотевици. Не знаел што е, па однесол парчиња во канцеларијата на шерифот“.

Шустер додава: „Од таму, се јавиле до воената база во Розвел.

Војската го испратила мајорот Џеси Марсел, и од тој момент местото станало надлежност на војската, и секое делче од шутот било исчостено. На 8-ми јули, било издадено соопштение дека се работи за - летечка чинија“.

Така се роди инцидентот Розвел. Но малку подоцна изјавата беше повлечена.

Војската подоцна тврдеше дека всушност се работело за метереолошки балон кој се урнал на фармата.

Минатиот месец, Пентагон објави извештај дека необичниот шут - биле остатоци од воена тест-програма која била државна тајна...

Во 1947-та имаше и сугестии дека биле видени и тела од вонземјани!

Но полковник Џон Хејнс минатиот месец рече дека веројатно тоа биле пластични кукли - користени во воените истражувања на крајот во Втората светска војна.

Не се сите согласни со ова.

Франк Кофман, кој во тоа време работел во базата, е еден од скептиците:

„Тоа што го видовме не беа кукли. Таа програма на војската почна четири години подоцна. Ние едноставно видовме суштества кои не беа од оваа планета“.

Приврзениците на верувањето за НЛО ја отфрлија теоријата за куклите на Пентагон, и веруваат дека федералните власти нешто кријат.

Неодамнешно истражување покажа дека тројца од четворица Американци веруваат дека владата е вмешана во заговор....

А во меѓувреме, митот за инцидентот Розвел живее и понатаму...

0 comments:

Post a Comment

Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More