Latest Video

Thursday, October 29, 2009

Мистична Македонија!!!

Ајде да ги разгледаме најмистичните предели во Македонија.
Јас ќе почнам со Ѓаволскиот Ѕид! Само ве молам оние што ќе пишуваат да ја наведат точната локација за да може полесно да пристапиме!!!

Мостот Елен скок, изграден на Мала Река, наспроти селото Могорче, а шестотини метри од месноста Бошков Мост на регионалниот пат Гостивар - Дебар, со невообичаена градба, архитектура, материјалот со кој е граден и поставеноста во просторот го плени вниманието на посетителите. Многумина специјално доаѓаат и се воодушевуваат на мостот Елен скок и на волшебната убавина на природата. Бистрите и пенливи води на Мала Река, која ја сочинуваат Тресонечка и Гарска Река, целосно го има исполнето коритото. Така ќе биде во наредните месеци додека се топи снегот на планините Бистра и Стогово.

Тука, од жителите на село Могорче, ја слушнавме и легендата за изградбата на мостот Елен скок, пренесувана од колено на колено од нивните предци. Мостот бил изграден пред 3- 4 века во спомен на загинувањето на еден волшебен и прекрасен елен. На планината Стогово, во непосредна близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил дека еленот со топлиот поглед и ставот како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство. Така ловџијата и еленот се спријателиле и секој ден се дружеле. За средбите со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го соѕидале овој мост со невообичаена градба.
го презедов од Утрински В.

Камени сватови

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка.

Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица.

На локалитетот има околу 140 кукли, а најголемо внимание привлекуваат двете огромни камени кукли, кои страсно се бакнуваат и ги претставуваат младенците.

Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.

Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Како и да е, ваква "свадба" нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Нешто слично има само во Србија, во местото Ѓавоља Варош.

Ако патувате од правец на Скопје, 15 километри пред да влезете во градот, на мостот кај селото Кетеново, вртите десно, од каде има дрвени патокази кои ве водат до целта. Се патува уште пет километри по неасфалтиран пат, до Куклица, кое го добило името токму по скаменетите кукли. Ако времето е убаво и топло, нема да имате проблеми и со автмобил да стигнете до пред самиот локалитет. Инаку, треба да пешачите од 15 минути до половина час по текот на Крива Река.

Во 2001 година архелогот Јовица Станковски од Народниот Музеј во Куманово – Република Македонија во близината на селото Кокино откри големо наоѓалиште на керамика од бронзениот период. Според димензиите и изгледот, локалитетот се разликуваше од сите дотогаш видени археолошки наоѓалишта. Локалитетот зафаќа површина од околу 5000 м2 скалесто поставен на две платформи веднаш под планинскиот врв Татиќев Камен со надморска висина од 1013 метри.
На прв поглед на локалитетот доминираат камените седишта наречени тронови кои се исклесани во карпа и се поставени во насоката север-југ. На тој начин човекот кој седи на еден од троновите е свртен кон источниот хоризонт, со што, кај археолози се јавила идејата дека можеби на тој начин биле набљудувани небесните тела.
Во 2002 година физичарот Ѓоре Ценев од Планетариумот при МКЦ во Скопје се вклучи во истражувањето на локалитетот и ја направи првата целосна археоастрономска анализа. На локалитетот беше лоцирана централната позиција за набљудување на небесните тела како и постоењето на седум маркери изработени во вертикалните стени со кои се означувале местата на изгревање на Сонцето и Месечината.

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска река, десна притока на реката Струмица, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.


Гробиштата во село Стровија, Прилепско.
Совршен спој на старото и новото...

0 comments:

Post a Comment

Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More