Може да направите нов фолдер или може да користите веке постоечки фолдер. Додека го именувате или преименувате фолдерто задржете [Alt] и внесете од тастатурата “0160” (без апострофи). Отпуштете [Alt]. Ќе забележете дека името на фолдерот е празно место. Значи ние внесoвме дозволено празно место (анг.‘Non-Breaking Space‘) коешто визуелно покажува дека фолдерот нема име. Може да го направите истото и само со оставање на празно место со спејс копчето но тоа нема ефект. (обидете се ако сакате)
Сега десен клик на фолдерот и изберете “Properties” и изберете “Customize” кликнете на “Change Icon”. Разгледајте ги иконите кои се предложени и ќе најдете празни места (празни икони). Изберете која и да било од нив и притиснете ОК. Готово. Сега нема да можете да го видите фолдерот повеќе.
Се разбира ако го селектирате (кликнете на него) тој ќе биде означен.
0 comments:
Post a Comment