Latest Video

Thursday, October 29, 2009

Според Маите нема да има крај на светот во 2012 година

Потомок на древните Маи тврди дека нема да има крај на светот во 2012 година, и покрај толкувањата на нивниот календар дека времето на овој свет ќе истече на 21 декември, истата година.


Како што пренесува “Телеграф“, Аполинарио Чиле Пикстун од Гватемала, потомок на Маите изјавил дека веќе е изморен од бројните прашања за крај на светот.

Со наведениот датум се завршува значаен период за дрвената цивилизација. Додека ентузијастите набројале цела серија на астрономски порамнувања, кои коинцидираат со 2012 година, вклучувајќи и едно што се случува секои 25.800 години. Повеќе археолози, астрономи и самите Маи велат дека единствено нешто што ќе ја погоди земјата ќе биде дожд од филозофи на Новото време.

Пиктун истакнал дека теоријата за крај на светот потекнува од запад, а не од неговите предци. Хистеријата има и некоја археолошка основа, вклучувајќи го споменикот број шест, најден при изградба на пат во јужно Мексико.

Записот на камена плоча опишува нешто што ќе се случи 2012 година,а го вклучува мистериозниот бог Болон Јокатеа на војната и создавањето. Крајот на пораката бил уништен од ерозија.

Археологот Гилермо Бернал од Националниот автономен универзитет од Мексико, вели дека постојат други записи на Маите за датите кои одат подалеку од 2012 година, еден од нив е 4772 година.

“Маите никогаш не рекле дека ќе има крај на светот“, рекол Дејвид Стјуарт, експерт за оваа древна цивилизација. “Тие никогаш не рекле дека ќе се случи нешто лошо, тие само ја забележале идната годишнина“.

Според други, маите го познавале тајното колебање на земјената оска, која донекаде го менува распоредот на ѕвезди секоја година. Секои 25.800 години Сонцето се израмнува со центарот на Млечниот пат за време на зимскиот солстициј, кога Сонцето е на најниската точка на хоризонтот.

0 comments:

Post a Comment

Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More