Latest Video

Showing posts with label На Денешен ден. Show all posts
Showing posts with label На Денешен ден. Show all posts

Tuesday, November 17, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 18 ноември

9.- Роден е римскиот цар Тит Флави Веспазијан, основач на новата династија Флави. Во текот на владеењето од 69 до смртта во 79 година ги победи и расели Евреите, а во Рим подигна величенствени градби како што се Колосеум, Капитол и Амфитеатар.

1095.- На црковен собир во Клермон папата Урбан II ги повика црковните великодостојници и свештени владари на воен поход против „неверниците“, со цел да се ослободи светата земја (Палестина) и Ерусалим. Тоа е почетокот на Крстоносните војни, кои со прекини, траеа повеќе години.

1626.- Папата Урбан III ја освети црквата „Свети Петар“ во Рим.

1697.- Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен портретист и цртач на физиономии. Слика сцени од сатиричен и морален карактер од животот на аристократијата. Остави релативно мал број дела, но, поради нивната вредност, тој се вбројува меѓу најзначајните англиски сликари.

1786.- Роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера. Познати му се оперите „Евријанте“, „Волшебниот стрелец“ и „Оберон“. Умре во Лондон, на 5 јуни 1826 година.

1787.- Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дагер. Благодарение на неговиот изум, наречен „дагеротипија“, за првпат практично е овозможена изработка на фотографија.

1830.- Белгија стана самостојно кралство. До Наполеоновите војни Белгија беше под Хабзбурговците. Од Виенскиот конгрес од 1815 и 1830 Белгија (како и Луксембург) е составен дел на Холандија. Во Белгија населението повеќето е католичко, додека во Холандија протестантско. Побунувањето во 1830 година е од верска природа.

1860.- Роден е полскиот државник, пијанист и композитор, Игнац Јан Падеревски, професор на Kонзерваториумот во Варшава. Јан Падеревски од 1919 до 1921 година беше премиер и шеф на дипломатијата, а во 1940 година претседател на Полска. Дела: опера „Мандра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.

1833.- Во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.

1874.- Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи", која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот "Вардар". Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.

1903. - Соединетите Американски Држави потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.

1905.- Принцот Чарлс од Данска е избран за прв крал на Норвешка по обновувањето на независноста со одвојувањето од Шведска, а го зеде името Хакон II.

1905.- Во Кикинда е роден Јован Поповиќ, српски писател, еден од творците на социјалната книжевност меѓу двете светски војни. Негови познати дела се „Аџија на вечноста“, „Танц над празнината“, „Ластовица во митралеско гнездо“, „Вистински легенти“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1952 година.

1910.- Во Мексико изби револуција во која во текот на наредните 10 години загинаа најмалку еден милион луѓе.

1918.- Белгиската армија влезе во Брисел по четиригодишната окупација од страна на Германија, во Првата светска војна.

1919.- Во Скопје е роден Бане Ковач, еден од основоположниците на македонското новинарство и еден од првите стенографи во Македонија. Умре во Скопје, на 15 април 1983 година.

1922.- Во Париз умре Марсел Пруст, француски писател и академик. Со своето дело остави длабока трага не само во Франција туку и во европската литература. Автор е на големиот циклус романи „Во потрага на загубеното време“, на што работеше цели 15 години.

1936.- Германија и Италија ја признаа владата на генералот Франциско Франко како легитимна влада на Шпанија.

1944.- Во штотуку ослободената Битола, во присуство на околу 2.000 борци на Леринско-костурската бригада, од Воденскиот македонски партизански баталјон и од бригадата „Гоце Делчев“, е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, која влезе во составот на НОВ и ПО на Македонија. На местото каде што е формирана оваа прославена партизанска бригада, заменик-политички комесар на бригадата Вангел Ајановски - Оче, на 18 ноември 1984 година откри спомен-плоча.

1945.- На првите избори во Бугарија по Втората светска војна, кои опозицијата ги бојкотираше, победи Отечествени фронт, предводен од комунистите.

1962. - Во Копенхаген Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот. Познат е по своите трудови од областа на квантната теорија. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производство на атомска бомба. Добитник е на Нобеловата награда за физика во 1922 година. Роден е во Копенхаген на 7 октомври 1885 година.

1970.- Западна Германија и Полска воспоставија дипломатски односи со што го прекинаа непријателството долго 31 година.

1970.- Кина именува амбасадор во Советскиот Сојуз и по четири години ги обнови дипломатските односи на највисоко ниво.

1976.- Воената влада на Етиопија (комунистичка) изврши смртна казна врз 27 луѓе наводно поради заговор.

1978.- Во Џонстаун во Гвајана со испивање на отров е извршено колективно самоубиство на 914 Американци, припадници на сектата „Храм на народите“, вклучувајќи го и водачот на сектата Џим Џонсон. Членовите на сектата кои одбија да го испијат отровот беа убиени.

1986.- Во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија. Роден е во Штип, на 19 мај 1910 година.

1988.- Во Скопје умре Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турска националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките раскази „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Роден е во Штип, на 28 ноември 1918 година.

1991.- Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92.

1991.- Умре чехословачкиот државник по потекло Словак, Густав Хусак, поранешен претседател на Чехословачка. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата преседател на Чехословачка.

1993.- Лидерите на Јужна Африка го усвоија Уставот со кој е ставен крај на политката на апартхејдот во земјата.

1993.- Новиот воен управувач на Нигерија генералот Сани Абач ги распушти сите демократски институции.

1993.- Во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист. Има објавено поголем број есеи од областа на англиската и светската книжевност, меѓу кои и книгата „Македонски теми и дилеми“. Роден е во Обровац, на Зрмања, во 1916 година.

2004.- Во Англија по 700-годишната традиција е забранет ловот на лисици.

2005.- Во три одвоени бомбашки напади во Ирак, на багдатскиот хотел „Хамра“ и две џамии во градот Канагин, загинаа околу 80 луѓе, а беа ранети околу 100.

2006.- Најмалку 120 лица го загубија животот, а околу десетина се водат за исчезнати во поплавата која го зафати западен Авганистан. Најмногу беше погодена провицијата Бадгис.

2007.- Во експлозија на метан во рудникот „Засјадко“, на длабочина од околу 1.000 метри, во Донечката област на исток во Украина загинаа 100 рудари. Во моментот на несреќата во рудникот се наоѓаа 457 луѓе.

Monday, November 16, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 16 ноември

42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тибериј, посинок на Октавијан Август, кој за време на владеењето од 14 до 37 година во новата ера ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања. Претходно се прослави со воените походи во Германија, Панонија и Далмација.

1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција, папата Урбан Втори ги повика соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против "неверниците", Селџуци, кои ја зазедоа "светата земја" во Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа го поттикна верското лудило и Крстоносните војни што траеја цели два века.

1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи на престолот само со девет години кога во 1216 година во текот на Првата баронска војна загина неговиот татко Џон Без Земја, но вистински почна да владее во 1234 година.

1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој во текот на 13-годишното владеење спроведе политика на територијално ширење на земјата.

1828.- Франција, Британија и Русија ја признаа независнота на Грција. Иако Османлиското царство одби тоа да го прифати, во 1829 година беше принудено по поразот во војната со Русија, да ја признае независноста на Грција.

1831.- Умре прускиот генерал Карл фон Клаузевиц, еден од најпознатите воени теоретичари на 19. век, кој главните идеи за борбена стратегија и тактика ги изложи во делото „За војната“. Поради несогласувањата со политиката на водечките кругови на Прусија према француското царство на Наполеон I, против кого се бореше во повеќе битки, од 1812 до 1814 година беше во служба на Русија.

1848.- Во Рим со кој автократски владееше папата Пије IX - избувна буна со што беше создадена Римската република во која беа востановени многу институции по урнекот на Француската револуција.

1878.- Во Белград умре Ѓура Јакшиќ, српски писател и сликар, претставник на српскиот романтизам. Познати негови дела се „Татковина“, „Паѓајте, браќа“, „Маченица“, „Први жртви“ и други. Роден е во Српска Црња, на 27 јули 1832 година.

1887.- Во Љубљана умре Фран Левстик, словенечки писател и борец за национални идеи и слобода. Од делата познати му се „Мартин Крнан“, „Патување од Литија до Чатеж“ и други. Роден е во Сподње Ретје, на 28 септември 1831 година.

1895.- Роден е германскиот композитор Паул Хиндемит. Од 1939 година беше професор на неколку универзитети во САД и во Швајцарија. Дела: оперите „Новости на денот“, „Сликарот Матис“, „Хармонија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориски дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“ и други.

1898.- Во Солун е роден Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија. Во јуни 1932 година е киднапиран во Софија од страна на врховистите во содејство со бугарската полиција и по двегодишно мачење е убиен во близината на селото Драглишта, Разлошко, на 14 јуни 1934 година.

1912.- Почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша, која се повлече по поразот од Кумановската битка, по тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците.

1918.- По падот на австроунгарската монархија во Првата светска војна, Унгарија е прогласена за независна република.

1923. - Во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Во Народноослободителната војна на Македонија учествуваше од 1941 година. Загина кај Радовиш во сообраќајна несреќа, како командант на Четириесет и осмата македонска дивизија, на 29 јуни 1945 година.

1933.- Советскиот Сојуз и САД воспоставија дипломатски односи.

1941.- Во Втората светска војна почна втората германска офанзива врз Москва која, исто како и првата, започна во септември 1941 година кога Германците дојдоа на 30 километри до Москва, заврши со неуспех.

1945.- Во Лондон е потпишана Конвенцијата на Меѓународната организација за просвета, наука и култура (УНЕСКО), специјализирана установа на Организацијата на Обединетите нации, основана со цел преку воспитување, наука и култура, заштита на светските природни уметнички богатства, да спроведува соработка меѓу народите врз база на целосна рамноправност. Конвенцијата стапи во сила на 4 ноември 1946 година. Седиштето на УНЕСКО е во Париз. Република Макеоднија е 175 членка на УНЕСКО од 19 јули 1993 година.

1960.- Умре американскиот филмски глумец Клерк Гебл. Играше во повеќе од 70 филмови и со децении беше во врвот на популарноста како симбол на машкоста. Филмови: „Источен пат“, „Слободна душа“, „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Буна на бродот `Баунти`“, „Кинеско Море“, „Однесено со виорот“, „Сан Франциско“, „Могамбо“, „Пробен пилот“, „Неприлагодени“, „Луѓе во бело“.

1962. - Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.

1965.- Советскиот Сојуз го лансираше првиот вселенски брод „Венера III“ кој со стигнувањето на Венера во март 1966 година стигна на друга планета.

1965.- Умре ирскиот државник Вилијам Томас Косгрејв. Беше прв претседател на Ирска од 1922 до 1932 година.

1970.- Пакситан соопшти дека бројот на мртвите во циклонот и огромните бранови кои ги зафатија бреговите на Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) и островите во Бенгалскиот Залив достина 500 илјади.

1972.- Генералното собрание на Обединетите нации одлучи Португалија да ги напушти своите колонијални имоти во Африка и Азија (Ангола, Мозамбик, Порт, Гвинеја, Сао Томе, Кап Верде, Источен Тимор, Макао).

1973.- Тројца американски космонаути го отпчнаа 84-дневниот лет во вселенското летало „Скајлаб“.

1981.- Умре американскиот филмски глумец Вилијам Холден, кој најчесто толкуваше улоги на „идеални“ современи Американци. Филмови: „Булевар на самракот“, „Вчера родена“, „Силата на оружјето“, „Месечината е сина“, „Над 30 ката“, „Излет“, „Мост на реката Квај“, „Светот на Сузи Вонг“.

1993.- Во Сардинија умре 69-годишниот мафијашки член Лучијано Лиџио, еден од најбараните лица во Италија и инспирација за романот "Кум", на Марио Пузо.

1993.- Обединетите нации официјално се откажаа од потрагата по лидерот на најмоќната фракција во Сомалија, Мохамед Фарах Аидид.

1995.- Поранешниот претседател на Јужна Кореја Ро Те Ву е уапсен поради корупција.

1995. - Во Скопје умре Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Тој е припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, кој остави неизбришливи траги во македонското актерско творештво. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година.

1997.- Умре францускиот политичар и публицист Жорж Марше, генерален секретар на Француската комунистичка партија од 1972 до 1994 година. Дела: „Што е Француска комунистичка партија?“, „Демократски предизвик“, „Политиката на Француската комунистичка партија“, „Зборуваме отворено“, „Одговори“, „Надеж во сегашноста“.

2001.- Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.

2006.- Унгарски научници успешно клонираа глушец. Глушецот наречен „Клонила“ е производ на тригодишната работа на 20 истражувачи на Земјоделскиот биотехнолошки истражувачки центар во Годол, близу Будимпешта. Според нивните уверувања, клонирањето би требало да биде од голема помош за научниците во лечењето на разни болести.

2006.- Умре Милтон Фридман, економист и добитник на Нобеловата награда. Признат е како „татко на монетарната теорија“. Неговото практично знаење е потврдено во улогата на економски советник во администрацијата на американските претседатели Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган. Фридман се смета за еден од основачите на влијанието на „чикашката школа“, а од 1948 до 1979 година беше и професор на Универзитет во Чикаго. Главни дела: „Капитализам и слобода“, „Теоретски основи на монетарната анализа“, „Слобода на изборот“.

Thursday, November 12, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 12 ноември

1812.- Околу 25.000 војници на разбиената армија на францускиот цар Наполен I, која се повлекуваше од Москва, од руските топовски истрели и јуриши на козаците загинаа на замрзнатата река Березин. По дебаклот на реката, Наполеон побегна со мала придружба во Париз со ветување дека ќе подигне нова армија од 300.000 луѓе, но поразот во Русија беше почеток на крајот на неговата империја.

1833.- Во Санкт Петербург е роден Александар Порфириевич Бородин, руски композитор, припадник на руската музичка „Група на петмина“. Под влијание на рускиот музички фолклор компонира симфонии, гудачки кватети и опери. Неговата најпозната опера е „Кнез Игор“, на која работеше 20 години, а ја довршија Римски - Корсаков и Глазунов. Умре во Санкт Петербург, на 28 февруари 1887 година.

1840.- Роден е францускиот вајар Огист Роден, еден од најголемите уметници на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Скулптури: „Мислител“, „Бакнеж“, „Балзак“, „Граѓани на Кале“, „Вратата не пеколот“, „Вечен идол“, „Пролет“, „Човек со скршен нос“, бисти, актови.

1910.- Во Солун е роден Димо Тодоровски, академик и професор, вајар од првата генерација вајари кои ја втемелија оваа ликовна уметност во Македонија. Тој беше единствен скулптор што се појави меѓу двете светски војни во Македонија. Излагаше самостојно во Скопје, во Белград, Загреб, во Дижон и на други места. Автор е на многубројни споменици во Македонија, како и на скулптурите „Јама“, „Тутуноберачка“, „Гроздоберка“, „На жица“ и други. Умре во Скопје, на 27 април 1983 година.

1912.- Шпанскиот претседател на влада Хозе Каналехас беше убиен од анархистот Мануел Пардинас, кој потоа изврши самоубиство.

1912.- Спасувачка екипа ги пронајде посмртните останки на англискиот поларен истражувач и капетан Роберт Скот, како и на неговите придружници. Се претпоставува дека Скот и неговите членови на експедицијата умреле во март 1912 година, при враќањето од Јужниот Пол.

1918.- Прогласена е првата австриска република, ден по капитулацијата на Германија во Првата светска војна и абдицирањето на царот Карл I, кој беше последен владетел од Хабзбурговата династија.

1919.- Рос и Кејт Смит, англиски пилоти, први полетаа од Лондон за Австралија. Слетаа во австралискиот град Дарвин на 13 декември 1919 година.

1927.- Лав Троцки, по обвинението дека се бори за власт по смртта на Ленин, беше исклучен од владејачката болшевичка партија, а Сталин стана неприкосновен лидер на Советските држави. Лав Троцки од земјата беше протеран во 1929, а во 1940 година беше убиен во Мексико.

1929.- Во Филаделфија, САД, е родена Грејс Патриција Кели, американска филмска актерка, толкувач на драмски ликови и позната по учеството во филмовите на Алфред Хичкок. Главни филмови: „Точно напладне“, „Провинцијалка“, „Повикај М за убиство’, „Прозорец во дворот“, „Високо друштво“. Го напушти филмот кога се омажи за принцот Рение Трети од Монако. Умре во Монако, на 13 септември 1982 година.

1933.- Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот - нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за "големогермански простор".

1937.- Јапонците го окупираа кинескиот град Шангај.

1941.- Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва.

1942.- Британската Осма армија на генералот Бернард Монтгомери во Втората светска војна повторно го зазеде Тобрук во Либија, заробувајќи најмалку 30.000 германски и италијански војници, и продолжи преку Сахара да го гони разбиениот Африкански корпус на германскиот генерал Ервин Ромел.

1944.- Во Тромзо, северна Норешка, во Втората светска војна сојузниците го потонаа „Тирпиц“, последниот голем воен брод на Германија.

1948.- Поради извршени воени злосторства во Втората светска војна, на смртна казна беа осудени претседателот на владата генералот Хидеки Тоџо и уште шест јапонски функционери.

1955.- Во Загреб умре Аугустин Тин Уевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Познати се неговите стихозбирки „Лелек на ратајот“, „Медал“, „Песни“ и „Жеден камен на кладенец“. Роден е во Вргорац, на 5 јули 1891 година.

1956.- Новиот унгарски лидер Јанош Кадар го одби влегувањето на набљудувачите на Обединетите нации во Унгарија.

1961.- Родена е романската гимнастичарка Надја Команечи, која за само една вежба на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, прва во историјата на гимнастиката ја доби најголема можна оценка - 10.

1969.- Рускиот писател Александар Солжењицин беше исфрлен од Сојузот на советските писатели, со образложение дека неговото однесување е „антидржавно“.

1970.- Силен циклон и високи бранови усмртија најмалку 200.000 луѓе во Источен Пакистан (сегашен Бандгладеш).

1973.- Во Скопје умре Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Автор е на збирките разкази "Бојана", "Акорди", "Прстен", "Раскази", "Лебедова песна" и други. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени со пролог "Плуто". Роден е во Охрид, на 9 јануари 1914 година.

1974.- Поради политиката на апартхејдот, Јужна Африка е суспендирана од Генералното собрание на Обединетите нации.

1981.- Американскиот спејс-шатл „Колумбија“ вторпат полета во орбитата околу Земјата, станувајќи прво вселенско возило кое е употребено повеќе од еден пат.

1982.- Јуриј Андропев е избран за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, ден по смртта на Леонид Брежњев.

1989.- Во Мадрид умре Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на Шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење. Од 1943 до 1960 година беше генерален секретар на КП на Шпанија, а потоа нејзин претседател до крајот на животот. Родена е во местото Гањарта, во Баскија, на 9 декември 1895 година.

1990.- Пине Акихито е крунисан за цар (микадо) на Јапонија.

1991.- Стапија на сила економските санкции на Европската заедница према Србија и Црна Гора.

1991. Индонезиски трупи во Источен Тимор убија десетина демонстранти кои бараа независност. До 1951 година Источен Тимор беше португалска колонија. Источен Тимор стана независна држава во 2002 година.

1992.- Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана.

1992.- Во Скопје, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот Свети, значи „Свети Кирил и Методиј“.

1996.- Во Индија во воздух се судрија саудискиот авион „боинг 747“ и казакстанскиот авион „ту 154“ при што загинаа 350 луѓе.

1999.- Во земјотрес во Турција, со епицентар кај градот Душче, 170 километри источно од Истанбул, загинаа најмалку 550 луѓе.

1999.- На подрачјето на планината Бајгора, 12 километри североисточно од Косовска Митровица, се сруши авионот „ATR-42“ на Светската програма на Обединетите нации за храна. Во несреќата загинаа 21 патник и тројцата членови на екипажот.

2001.- Авион на компанијата „Американ ерлајнс“ од типот „ербас А 300“ со 260 патници и членови на екипажот се урна непосредно по полетувањето врз њујоршкиот кварт Квинс. Во несреќата загинаа сите патници во авионот и членовите на екипажот, како и пет луѓе во разорените куќи.

2003.- Во самоубиствен напад на исламски терористи во Насирија, на југот од Ирак, во експлозија на камион пред базата на италијанската воена полиција загинаа 19 Италијанци и девет Ирачани.

2006.- Бомаш-самоубиец уби 35 и рани 58 луѓе во регрутниот центар на ирачката полиција во Багдат. Напаѓачот со опасен експлозив успеа да влезе во регрутниот центар на ирачката полиција, а потоа и го активира експлозивот. Од американската инвазија врз Ирак во март 2003 година, во земјата загинаа 2.813 американски војници, додека секоја недела во Ирак, според проценките на ОН, загинале по 100 цивили. гв/нс/00:00

Wednesday, November 11, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 11 ноември

1821.- Во Москва е роден Фјодор Михаилович Достоевски, великан на руската и на светската литература. Негови најпознати дела се „Двојник“, „Бели ноќи“, „Неточка Незванова“, „Злосторство и казна“, „Браќата Карамазови“, „Идиот“ и други. Роден е во Санкт Петербург, на 9 февруари 1881 година.

1855.- Умре данскиот филозоф Серен Кјеркегор, кој беше наречен „копенхашки Сократ“. Тој наспроти филозовската традиција, посебно кон системот на филозофијата на Фридрих Хегел, разви специфичен филозофски став. Дела: „За поимот на иронијата со постојан осврт на Сократ“, „Или - или“, „Дневник“, „Стадиумите на животниот пат“, „Филозовски ронки“.

1855.- Во Сента е роден Стеван Сремац, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Најпознати негови дела се расказите „Ивкова слава“ и „Зона Замфирова“, како и романот „Поп Ќиро и поп Спиро“. Умре во Соко Бања, на 13 август 1908 година.

1855.- Од земјотресот што го зафати Токио загинаа околу 106.000 луѓе.

1869.- Роден е италијанскиот крал Виторио Емануеле III, последен италијански монарх, кој беше на престолот од 1900 до 1946 година, и поддржувач на Бенито Мусолини. Во 1936 година по агресијата на Италија врз Етиопија се прогласи за „цар на Етиопија“, а во 1939 година и за „крал на Албанија“. Абдицираше по победата на републиканците на изборите во 1946 година, а на референдум набрзо беше соборена монархијата во Италија.

1885.- Роден е американскиот генерал Џорџ Смит Патон, кој за време на Втората светска војна во северна Африка и во Европа се истакна како енергичен и вешт командант. Го напиша мемоарот „Војната како што јас ја гледав“.

1898.- Роден е францускиот филмски режисер Рене Клер, член на Француската академија. Филмови: „Италијанска сламена шапка“, „Под покривите на Париз“, „Милион“, „Дајте ни слобода“, „Четиринаесетти јули“, „Духот оди на Запад“, „Се оженив со вештерка“, „Молчењето е злато“, „Убавината на ѓаволот“, „Големи маневри“, „Улица на соништата“.

1918.- Во Комиенската шума кај Париз, Германија потпиша капитулација, со што заврши Првата светска војна.

1919.- Во Тетово е роден Ѓоце Стојчевски - Амбарче, народен херој на Југославија, од Македонија. Загина во борите против албанските балисти во селото Беличица, Гостиварско, на 19 септември 1944 година.

1942.- Германските трупи во Втората светска војна ги запоседнаа неокупираните делови на Франција. Истиот ден, германските и италијанските трупи го окупираа и францускиот остров Корзика.

1943.- Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон "Мирче Ацев", Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон "Рамиз Садику", Вториот косовски баталјон "Борис Вукмировиќ" и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна.

1944.- Ослободено е Куманово.

1944.- Во Гостивар, во центарот на градот, албанските балисти стрелаа шестмина македонски патриоти: Киро Ристовски - Дрнц од Тетово, Васил Пејчиновски од Горна Бањица, Баренко Георгиевски и Изре Зафировски од Долна Бањица, Сократ Павловски од Гостивар и Павле Петрески од Балин Дол, Гостиварско.

1952.- Пронаоѓачите Џон Мулин и Вејн Џонсон во Лос Анѓелес првпат го демонстрираа нивниот изум видео рикордер за снимање на ТВ-емисии.

1961.- Сталинград беше преименуван во Волгоград. За време на царството градот се викаше Царицин.

1963.- Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник "Вечер".

1965.- Водачот на расистичкиот режим на Родезија Јан Смит еднострано ја прогласи независноста на британската колонија, а Велика Британија режимот на белото малцинство го прогласи за илегално.

1971.- Сенатот на САД го рафитикуваше договорот со кој на Јапонија и беше вратен островот Окинава, кој и беше одземен кон крајот на Втората светска војна.

1973.- На 101 километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во "Октомвриската војна", на Блискиот Исток.

1975.- По цели пет векови како португалска колонија, Ангола прогласи независност. Нејзин прв претседател стана Агостино Нето.

1976.- Умре американскиот вајар Александер Стерлинг Калдер.

1987.- Борис Елцин беше сменет од функцијата шеф на московските комунисти.

1990.- Во Атина умре Јанис Рицос, поет на грчката левица. Освен "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата (1985) има добиено уште 23 други меѓународни признанија. Има издадено 117 книги поезија, преведени на 21 јазик. Поради неговите изразито левичарски убедувања повеќепати е апсен. Роден е во Монамвасија, на Пелопонез, на 1 мај 1909 година.

1990.- Во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.

1992.- Англиската англиканска црква ја напушти својата вековна традиција со што им дозволи на жените да стануваат свештеници.

1995.- Во Брисел, шеснаесетте земји-членки на Алијансата му дадоа "зелено светло" на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата "Партнерство за мир".

1996.- Претседателот на Гватемала Алваро Арс соопшти дека со герилското движење е постигнат договор за крај на 36-годишната војна во земјата.

1998.- Во Скопје, во црквата „Света Петка“ е отворена првата (црковна) народна кујна.

2000.- Во париското предградие Њуи умре Франк Пурсел, француски диригент, познат како еден од кралевите на поп-музиката во педесеттите и шеесеттите години години на 20. век.

2004.- Палестинскиот лидер Јасер Арафат почина во воената болница "Перси" кај Париз. Добитник е на Нобеловата награда за мир (заедно со Јицак Рабин и Шимон Перес) во 1994 година за покренувањето на мировниот процес во арапско-израелските односи и за склучување мировна спогодба меѓу Палестинците и Израел... Тој на 29 октомври беше примен на лекување во критична состојба. Од приемот, тој неколкупати ја губеше свеста, а во последните неколку дена беше во кома од која не се разбуди. Лекарите од француската болница не успеаја да дијагностицираат од што боледува палестинскиот лидер. Арафат е роден во Каиро на 24 август 1929 година, како Мохамад Јасер Абдал Рауф Арафат ал Кудва ал Хусеини.

2004.- Собранието на Литванија го ратифиуваше Уставот на Европската унија со што земјата е првата во 25-члената Унија што официјално го прифати тој документ.

2005.- По 15 години граѓанска војна, во Либерија се одржани првите слободни избори на кои победи Елен Џонсон - Селиф, прва жена претседател во Африка.

2006.- Во Монтесито, Калифорнија, САД, умре Џек Паланс, холивудски легендарен актер, сликар и писател. Роден е во 1919 година како Владимир Плањук во семејство на украински емигранти.

Tuesday, November 10, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 10 ноември

Светски младински ден

- Светски ден на науката

1444.- Во битката кај Варна, Бугарија, силите на турскиот султан Мурат II ја победија полско-унгарската војска на полскиот крал Владислав Јаѓел III, кој загина во битката.

1483.- Роден е Мартин Лутер, свештеник и професор по теологија, основач на протестантизмот и водач на реформацијата во Германија. По барањето за реформа на црквата во 1517 година, тој е екскомунициран од црквата, неговото движење се прошири низ Германија и прерасна во широко народно движење против папската власт и против феудалното уредување. Кога реформацијата доведе до селанската војна против феудализмот во 1525 година, тој беше на страна на феудалците. Умре на 18 февруари 1546 година.

1493.- Роден е швајцарскиот алхемичар и лекар Теофраст Бомбаст фон Хоенхајм, познат како Филип Ауреол Парацелзус, пишувач на медицински дела, кој многу придонесе за примена на хемијата во медицината. Фон Хоенхамјм ја основа „јатрохемија“, нешто како денешната хемотерапија. Прв почна да користи сумпор како лек, арсеник, опијум, живини соли, олово, железо и бакар и да применува лековити капења со соли.

1668.- Роден е францускиот композитор и оргуљаш Франсоа Купрен, централна личност во музичкиот живот на Париз во почетокот на 18. век.

1697.- Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен цртач на портрети и физиономии.

1759.- Роден е Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Автор е на драмите „Интрига и љубов“, „Разбојници“, „Дон Карлос“, „Вилием Тел“, „Јованка Орлеанка“ и на други дела. Умре во Вајмар, на 9 мај 1805 година.

1796.- Умре руската царица Катарина II Алексејевна, наречена Катарина Велика. Владееше цврсто од 1762 година. Во духот на просветниот апсолутизам и под влијание на француски филозофи и идејата за просвета, отвори школи. Им помагаше на науката и уметноста, ја модернизираше администрацијата и судството, ги среди финансиите, ја укина тортурата, смртната казна ја замени со прогонство во Сибир. Успешно војуваше против Полска и Турција и кон Русија ги припои Казахстан, Грузија, Ерменија, Камчатка, Крив, дел од Бесарабија (Молдавија) и голем дел од Украина, Белорусија и Полска.

1891.- Во Марсеј умре Артур Рембо, француски поет. Уште како млад стана славен, а на 17 години ја напиша познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттите години престана да пишува, минувајќи низ литературата како „метеор“, а оставајќи во наследство дело што го навести симболизмот и надреализмот. Роден е на 20 октомври 1854 година.

1894.- Француските колонијални трупи го започнаа освојувањето на Мадагаскар. Овој остров источно од Африка, во Индискиот Океан, стана француска колонија во 1896 година. По Втората светска војна избувна народно востание против колонијалните власти, а барањето за независност е повторено во 1957 година. Мадагаскар е независна држава од 26 јуни 1960 година.

1919.- Роден е рускиот инженер Михаил Тимофејевич Калашњиков, конструктор на најдобрата автоматска пушка на 20. век АК-47, наречена според неговото презиме „калашњиков“.

1925.- Во Пантрихидифен, во Јужен Велс, е роден Ричард Волтер Џинкинс Бартон, прочуен британски театарски и филмски артист, великан на седмата уметност. Умре во Женева, на 4 август 1984 година.

1928.- Регент Хирохито е крунисан за цар на Јапонија.

1931.- Во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери "Пајажина", "Малиот принц" и "Аретеј", како и многу други дела. Умре во Загреб, на 12 септември 1996 година.

1938.- Во Истанбул умре Мустафа Кемал-паша, наречен Ататурк-татко на Турците, турски револуционер, маршал и државник. Изврши значајни реформи во земјата, прокламирајќи еднаквост на сите граѓани, ги забрани фесот, зарот и фереџето, ја воведе латиницата наместо арапското писмо и друго. Роден е во Солун, во 1880 година.

1943.- Германските власти во Втората светска војна, заради полесно управување со окупираната територија, воспоставија квислиншка „народна управа“ во Црна Гора.

1944.- Откриено е дека нацистичка Германија во Втората светска војна против Велика Британија употребувала ново оружје - ракетите „Fau-2“.

1944.- Во Прилеп е основано Здружение на ликовните уметници. За претседател на здружението беше избран Никола Мартиновски.

1964.- Во поплавите во централниот дел на Јужен Виетнам загинаа околу 10.000 лица.

1968.- Кај Ерџелија, Светиниколско, умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се "Растрел", "Бегалци", "Блокада", "Луѓе и птици", "Солунските атентатори" и други. Автор е на сценаријата на филмовите "Солунските атентатори", "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо" и "Републиката во пламен". Роден е во Скопје, на 25 декември 1920 година.

1973.- Државниот секретар на САД Хенри Кисинџер допатува во Пекинг за да им пренесе на кинеските лидери дека САД одлучиле да ги нормализираат односите со Кина.

1975.- Владите на Југославија и на Италија го потпишаа Осмиот договор за дефинитивно решавање на граничните и другите прашања меѓу овие две земји.

1975.- Прогласена е независноста на Ангола, држава во југозападниот дел на Африка, на брегот на Атлантскиот Океан. Беше португалска колонија пет века.

1982.- Умре рускиот државник Леонид Иљич Брежњев, генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија и претседател на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз, кој на власт дојде во 1964 година на местото на Никита Хручов каде остана се до смртта. Придонесе во воспоставувањето дијалог со САД по долгиот период на ладни односи меѓу двете земји.

1989.- Генералниот секретар на Комунистичката партија на Бугарија Тодор Живков по 35 години на чело на владејачката партија поднесе оставка, а го замени Петар Младенов. По седум дена откако ја поднесе оставката, беше сменет и од функцијата претседател на Државниот совет на Бугарија, кого исто така го наследи Младенов, а набрзо потоа беше исклучен и од партијата.

1990.- Водачот на социјалистите Чандер Шекар стана премиер на Индија.

1994.- Парламентот и владејачкиот Совет на револуционерната команда на Ирак, со кој претседаваше Садам Хусеин го призна суверенитетот и територијалниот интегритет на Кувајт во согласност со резолуцијата 833 на ООН.

1994.- Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации "Еурека 94", на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.

1995.- Нигерискиот воен режим обеси деветмина активисти за човекови права, вклучувајќи го и Кен Саро Вив, водач на племето Огони. Тоа предизвика незадоволство посебно во некои африкански земји, но Запад се задоволи главно со вербалните осуди - поради интересот на компаниите кои во Нигерија ја експлоатираа нафтата и гасот.

1997.- Претседателите на Русија и Кина, Борис Елцин и Џанг Цермин ја потпишаа декларацијата со која заврши долгогодишниот пограничен спор меѓу двете држави.

2000.- СР Југославија стана полноправна членка на ОБСЕ.

2003.- Умре зимбабвскиот државник Кенан Банана, прв претседател на независна Зимбабве. Беше претседател од 1980 до 1987 година, кога функцијата му ја препушти на премиерот Роберт Мугабе кој и дотогаш раководеше со земјата.

2007.- Умре Норман Мајлер, американски книжевник. Автор е на бестселерот „Голи и мртви“, роман со кој ја стекна меѓународната слава. Двапати e добитник на Пулицеровата награда.

Monday, November 9, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 9 ноември

1689.- Во Призрен умре Џовани Пиколомини, австриски војсководец, по чија наредба австриската војска го запали Скопје на 26 октомври 1689 година. Роден е во 1650 година.

1799.- Наполеон Бонапарта го отфрли Директориумот и како прв конзул стана вистински владетел во Франција.

1818.- Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Меѓу најпознатите негови дела се "Благородничко гнездо", "Татковци и деца", "Спроти новите дни" и други. Умре во Боуговил, на 22 август 1883 година.

1885.- Во Астрахиската стена, во Русија, е роден Велимир (вистинското име му е Виктор) Владимирович Хлебников, руски писател, еден од организаторите на руското футуристичко движење и негов најоригинален претставник. Од делата познати му се „Шаман и Венера“, „Ноќ спроти советите“, „Сегашност“, „Ладомир“ и други. Умре на 28 јуни 1922 година.

1918.- Во Берлин, по генералниот штрајк, почна револуцијата против царската власт. Истиот ден е урната монархијата, а царот Вилхем Втори побегна во Холандија. Тоа беше крај на германското царство. Власта ја презеде водачот на социјалдемократите Фредрих Еберд.

1918.- Во Париз умре Гијом Аполинер, француски поет и литературен критичар, од полско потекло. Во почетокот беше симболист и под влијание на Шарл Бодлер, а подоцна стана претставник на новите правци во уметноста - кубизмот и надреализмот. Познати се неговите дела „Алкохоли“, „Калиграми“ и „Изморениот поет“. Роден е во Рим, на 26 август 1880 година.

1937.- Умре бритнаскиот државник Џејмс Ремзи Мекдоналд, еден од основачите на Лабуристичката партија. Како прв лабурист, во 1924 година стана премиер на Велика Британија, а владата повторно ја предводше и од 1929 до 1935 година.

1937.- Јапонските трупи во Јапонско-кинеската војна го зазедоа Шангај.

1938.- На заповед од највисокиот врв, нацистите го почнаа прогонот на Евреите во Третиот рајх.

1940.- Умре Артур Невил Чемберлен, британски политичар и државник, водач на Конзервативната партија. Према агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и во Втората светска војна. Умре на 18 март 1869 година.

1944.- Ослободен е Велес.

1952.- Умре израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон и прв претседател на Израел од 1948 година се до својата смрт. Беше директор на хемиската лабораторија во Британскит адмиралитет од 1916 до 1919, престседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година.

1963.- Во јапонскиот рудник за јаглен Омута во експлозија на гас загинаа 452 рудари, а истиот ден загинаа и 161 патник во судир на товарен со патнички воз, кој сообраќал кон Токио.

1970.- Во местото Коломбеј умре Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Роден е во Лил, на 22 ноември 1890 година.

1971.- Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите нации.

1985.- Советскиот велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.

1989.- Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница према Сојузна Република Германија (Западна) - "падна" Берлинскиот ѕид.

1991.- Во Париз умре Ив Монтан, француски шансониер, театарски и филмски актер. Главни филмови: "Хероите се уморни", "Вештерките од Салем", "Го сакате ли Брамс" и други. Роден е во Италија, на 13 октомври 1921 година.

1992.- Во прашката болница на Хомолце умре Александар Дубчек, кој беше претседател на Социјалдемократската партија на Словачка, лидер на „Прашката пролет“ во 1968 година и симбол на демократските промени во Источна Европа.

1993.- Со топовски гранати од страна на Хрватите беше урнат Стариoт мост во Мостар, изграден во 1566 година.

1993.- На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.

1995.- Претседателот на Русија Борис Елцин стави вето на законот за еднострано укинување на санкциите против Југославија, кој беше изгласан претходниот месец во двата дома на руската Дума.

1995.- Претседателот на Палестинската ослободувачка организација Јасер Арафат првпат го посети Израел. Тој отиде во семејната куќа четири дена по убиството на израелскиот премиер Јицак Рабин да и изрази сочуство на вдовицата.

1995.- Во Стразбур е извршен и формален прием на Република Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка.

1997.- Во Венеција умре Хеленио Херера, аргентински фудбалски тренер, креатор на големите успеси на Интер од Милано во текот на 60-ите години на 20. век и „изумител“ на дефанзивната тактика во италијанскиот фудбал - катанаџо. Роден е во 1916 година.

2000.- Политичката партија на Македонците од Егејска Македонија на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕСА), одржано на 9 и 10 ноември, е примена како полноправна членка.

2001.- Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“.

2002.- Израелските сили во градот Џенин во Западниот Брег го ликвидираа водачот на военото крило на терористичкиот „Исламски џихад“ Ијад Савалах.

2005.- Умре поранешниот индијски претседател Коцерил Раман Нарајанан, прв припадник на кастата „недопирливи“, најнискиот слој на индискиот кастински општествен систем, кој стаса до функцијата шеф на државата.

2005.- Во самоубиствениот бомбашки напад врз хотелите „Хајат“, „Радисон“ и „Џејс ин“ во Аман, главниот град на Јордан, загинаа најмалку 57, а ранети беа околу сто луѓе. Најмногу жртви имаше во хотелот „Радисон“ кога бомбашот упаднал меѓу сватовите. За овој напад во Ирак одговорноста ја презеде Ал Каида.

2005.- Европската комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да и даде статус кандидат.

2006.- Во воздушниот напад на силите на НАТО врз провинцијата Кандахар, на југот од Авганистан, загинаа 28 талибански екстремисти.

2006.- Умре Маркус Волф, долгогодишен шеф на тајната служба на Министерството за државна безбедност на некогашната Источна Германија.

2006.- Војската на Шри Ланка недалеку од северниот брег на земјата во Индискиот Океан потопи 22 брода со побунетите Тамилски тигри. Војската ги обвини бунтовниците за обид за потоп на цивилен брод со 300 патници. Тамилските тигри од 1983 година се борат за автономија на исток и север од Шри Ланка, каде живее тамилска етничка група. Во судирите меѓу бунтовниците и силите на владата во Коломбо досега загинале повеќе од 60.000 луѓе, а примирјето кое беше склучено во 2002 година одамна не се почитува.

Sunday, November 8, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 8 Ноември

- Меѓународен ден за урбани средини.

1519.- Шпанскиот конквистадор Фернарндо Кортес влезе во Сиудад Мексико.

1520.- Данскиот крал Кристијан II нареди погубување на повеќе од 80 шведски свештеници. Овој чин е познат како „стокхолмско крвопролевање“. На настанот му претходеше востанието на Швеѓаните за ослободување од Данска.

1576.- Според договорот склучен во Гана, сите 17 холандски провинции се обединија во борбата против Шпанија за ослободување на земјата. Бидејќи Холанѓаните повеќето се протестанти отпорот на шпанските власти имал и верски причини.

1608.- Роден е Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература и голем мислител. Од делата познати му се „Химна во утрото на Христовото раѓање“, „Изгубениот сјај“ и „Вратениот рај“. Умре во 1674 година.

1656.- Роден е англискиот астроном и геофизичар Едмунд Халеј. Беше директор на Гриничката опсерваторија и кралевски астроном. Го изработи првиот каталог на ѕвездите на јужното небо и утврди дека кометите се воочени во 1682, 1601 и во 1551 година, односно истата комета се јавува периодично. Предвиде дека истата ќе се појави кон крајот на 1758 година, што и се случи со мало задоцнување. Во негова чест истото всленско тело е наречено Халејева комета. Прв откри дека ѕвездите се движат, исто како и Сонцето и ја направи првата метеоролошка карта. Дела: „Каталог на јужните ѕвезди“, „Астрономски преглед на кометите“, „Теорија на магнетниот компас“.

1674.- Умре англискиот писател Џон Милтон, еден од најголемите поети во светската литература, исклучително образован, силна личност со висок морал и значаен мислител. Дела: „Изгубениот рај“, „L'Allegro“, „II Penseroso“, „Komus“, „Lisidas“ и други.

1793.- На гилотина е погубена Жан Мари „Манон Флипон“ Ролан, позната како Мадам Ролан, која за време на Француската револуција во својот салон во Приз ги собираше пистелите и останатите уметници и политичари. Нејзиниот сопруг Жан Мари Ролан де ла Платијер во 1792 година беше министер за внатрешни работи на Франција. Беше погубена во текот на јакобинската тиранија, по што нејзиниот сопруг се самоуби.

1793.- Парискиот музеј Лувр првпат беше отворен за публиката. Пред тоа Лувр беше кралски дворец.

1878.- Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Санкт Петербург, на 29 октомври 1940 година.

1878.- Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7 април 1953 година.

1890.- Умре Сесар Франк, француски композитор, од белгиска националност, оргуљаш и музички педагог, генијално надарен за импровизација. Како композитор, се смета за еден од најпознатите твроци во француската музика во 19 век. Роден е на 10 декември 1822 година.

1895.- Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген ги откри рентгенските зраци, кои сам ги нарече икс-зраци.

1909.- Родена е Кетрин Хенберн, американска филмска и театарска актерка. Најчесто толкуваше ликови на жени со растреперен сензибилитет. Играше во филмовите „Празник во Рим“, „Сабрина“, „Војна и мир“, „Појадок кај Тифани“ и во многу други. Умре во 2003 година.

1906.- Во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник. Работеше на организирањето на одбраната на земјата во времето на НОВ и стана командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, со кој успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Умре во Дојран, на 7 август 1987 година.

1917.- Како нова влада на Русија беше востановен Советот на народните комесари. За претседател беше назначен Ленин, Троцки за комесар за надворени работи и Сталин за комесар за народностите.

1922.- Роден е јужноафриканскиот хирург Кристијан Барнард, кој во 1967 година го изврши првото пресадување на човечко срце.

1923.- Во Минхен е спречен обидот за пуч на Адолф Хитлер, а водачот на нацистите беше уапсен четири дена подоцна.

1932.- За претседател на САД е избран кандидатот на Демократската партија Френклин Рузвелт. Тој беше биран уште трипати за шеф на државата, што е единствен случај во американската историја и спротивно на уставот на САД. На власт остана до смртта, во 1945 година.

1942. Сојузничките сили со прва поголема сојузничка комбинирана операција навлегоа во северна Африка, во Втората светска војна. Во поморскиот десант „Факел“ под команда на генералот Двајт Ајзенхауер, сојузниците навлегоа кај алжирските градови Оран и Алжир и кај Казабланка во Мароко. Борбите против германско-италијанските групи завршија на 13 мај 1943 година, со пораз на силите на Оската и француските трупи на маршалот Петен, со што заврши војната во Африка.

1942.- Почна големото истоварување на сојузничките трупи во Северна Африка.

1944.- Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.

1959.- Обединетата Арапска Република (Египет, Сирија и Либија) и Судан потпишаа договор за поделба на водата на Нила по изградбата на Асуанската брана.

1960.- Кандидатот на Демократската партија Џон Кенеди на 43-годишна возраст е избран за претседател на САД, најмлад шеф на државата во американската историја.

1972.- Западна и Источна Германија по 23 години ја завршија студената ангатонистичка војна иницирана со договорот за добрососедство и взаемно почитување на постоењето на двете суверени германски држави.

1986.- Умре рускиот политичар Вјацеслав Михајлович Молотов, шеф на советската дипломатија од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година.

1988.- Републиканецот Џорџ Буш е избран за претседател на САД по победата над демократот Мајкл Дукакис. Тоа беше трета една по друга победа на републиканците. Буш, кој инаку беше потпретседател, ја презеде власта по двата мандати на Роналд Реган.

1989.- Афроамериканецот Даглас Вајлдер е избран за гувернер на Вирџинија, како прв црнец во историјата на САД кој станал гувернер на некоја сојузна држава. Истиот ден црнецот Дејвид Динкинс беше избран за градоначалник на Њујорк.

1990.- Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под претседателство на Вулнет Старова, ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори (11 ноември 1990 година). Оттогаш, до конституирањето на првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија (на 8 јануари 1991 година), заседаваше уште неколкупати...

1991.- Европската заедница (сега Европска унија) воведе санкции против Југославија, со кои беше прекинат договорот за трговија и соработка.

1994.- На м-р Марија Пандевска, асистент во Институтот за ноционална историја на Македонија, и е доделена првата (првпат) награда за најдобар труд од историските науки, што ја доделува Фондацијата „Михаило и Цвета Апостолски“.

1995.- Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.

1997.- Во Кина почна изградбата на хидроелектраната „Три клисури“, најголема електрична централа на планетата.

1997.- Умре Миле Брзанов, македонски музички деец.

1997.- Умре Благој Кондарко, македонски просветен деец. Роден е во 1918 година.

1998.- Судот во Бангладеш на смрт осуди 15 бивши офицери, обвинети за убиство на бангладешкиот претседател шеикот Мудибур Рахман во воениот удар во август 1975 година.

2004.- Кубанските власти го „тргнаа“ американскиот долар од кубанскиот пазар, а американската валута, по курс еден спрема еден, ја заменија со „конвертибилен пезос“, порано со фиктивна сметководствена единица, а сега и формално печатење на монети во исти апоени, дури и со иста зелена боја како и доларот. „Кубанскиот долар“, наместо американскиот претседател, ги носи ликовите на Кастровите револуционери, почнувајќи од легандерниот Ернес Че Гевара.

2005.- Францускиот претседател Жак Ширак прогласи вонредна состојба, со цел да се спроведе полициски час во градовите во кои избија нереди. Повод за нередите беше смртта на две момчиња од африканско потекло, кои 10 дена порано настрадале од електричен удар во трафостаница, каде се сокриле верувајќи дека за нив има распишано полициска потера.

2006.- Најмалку 42 пакистански војници беа убиени и околу 40 ранети во самоубиствениот напад врз воената база во местото Даргаи, во северозападен Пакистан, каде се наоѓа главниот американски центар за обука на трупите за борба против тероризам во тој регион. Самоубиецот втрчал во базата и го активирал експлозивот во моментот додека војниците се собирале за утрински тренинг.

2006.- Најмалку 60 луѓе беа убиени, а 150 повредени на истокот од Шри Ланка, во побунетото место Китиравели, кога војската со артилерија го нападна кампот за интерно раселени лица. Војската на Шри Ланка соопшти дека нападот врз позициите на бунтовниците бил извршен откако тие први отвориле оган. Во судирите во кои учествуваа Тамилските тигри во 2006 година настрадаа околу 2.000 луѓе, војници и бунтовници. Тамилските тигри се борат за својата независна држава уште од 1983 година.

2006.- Во две големи акциии на силите за безбеност во Неапол се уапсени 32 припадници на мафијата, во рамките на напорот да се сопре бранот на насилство кој го зафати градот на југот на Италија. По овој повод е формирана специјална единица на полицијата од околу 1.000 припадници, бидејќи Неапол е трет по големина град во Италија и е седиште на огранокот на сицилијанската мафија позната како Камора.

Friday, November 6, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 6 ноември

1632.- Шведскиот крал Густав II Адолф - голем војсководец и воен реформатор, загина во Триесетгодишната војна во битката кај Лицен, во која неговата протестантска војска ја победи римокатоличката армија на германскиот цар Фердинанд II Хабзбург под команда на генералот Алберт фон Валенштајн.

1661.- Роден е шпанскиот крал Карлос II, последен монарх од династијата на шпанскиот Хабзбург, кој на престолот стапи како четиригодишник во 1665 година и владееше со Шпанија до 1700 година. Бидејќи немаше наследник по неговата смрт почна војната за шпанско наследство во кое околу шпанскиот имот и круна се судрија Франција, австрискиот Хабзбург (германското царство), Англија и Савоја.

1771.- Роден е германскиот издавач и печатар Алојз Хојан Непомук Франц Зенефелдер, пронаоѓач на системот на литографското печатење. Го напиша „Учебникот за литографија“.

1787.- Во селото Тршиќ е роден Вук Стефановиќ Караџиќ, голем деец во областа на културата - лингвист, етнограф, историчар, собирач на народни умотворби и реформатор на српскиот литературен јазик. Умре во Виена, на 7 февруари 1864 година.

1813.- Мексико прогласи независност. Поттикнати од настаните во Северна Америка, свештениците Хидалго и Моралес поведоа општо востание против шпанските колонизатори. Хидалго беше фатен и погубен, додека Моралес ја продолжи борбата и на овој датум ја прогласи незвисноста на Мексико.

1814.- Роден е белгискиот производител на дувачки инструменти Адолф Сакс, кој во 1840 година го измисли музичкиот интрумент наречен во негова чест саксафон.

1825.- Роден е францускиот архитект Жан Луј Шарл Гарние, чие главно дело е Операта во Париз, еден од најзначајните споменици на париската архитектура во втората половина на 19. век. Ги проектираше и Казиното во Монте Карло и Опсерваторијата во Ница.

1860.- Роден е полскиот пијанист и композитор Игнац Јан Падеревски, професор на Конзерваториумот во Варшава, кој од 1919 до 1921 година беше премиер и министер за надворешни работи на Полска. Дела: операта „Манра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.

1860.- Абрахам Линколн е избран за претседател на САД.

1861.- Роден е канадскиот професор по физичко образование Џејмс Нејсмит, кој во 1891 година ја измисли кошарката.

1880.- Францускиот микробиолог Шарл Луј Лаверан, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1907 година, ја откри причината за маларија која ги пустошеше мочуришните предели во светот. Набљудувајќи ја под микроскоп крвта на заболен човек од маларија приметил дека помеѓу цревните крвни зрца има нова хистолошка формација која ја нема во крвта кај здравите луѓе. Заклучил дека тие микроорганизими (подоцна наречени Haemamoeba Laverani) ја предизвикуваат маларијата, но не знаел на кој начин продира во крвта. Англискиот лекар Роналд Рос 15 години подоцна утврдил дека маларијата ја пренесуваат комарците.

1893.- Во Санкт Петербург умре Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. Значаен придонес даде и во развојот на рускиот балет. Неговиот музички придонес е мошне богат. Тој е композитор на шест симфонии, на три клавирски концерти на оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова Дама", на балетот "Лебедово езеро" и на увертирата "Ромео и Јулија", кои спаѓаат меѓу најпознатите дела на руската и на светската класика. Роден е во Камско Боткинск, на 7 мај 1840 година.

1909.- Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Белград, на 21 јануари 1979 година.

1911.- Претседател на Мексико стана Франциско Мадеро, водач на револуцијата против самопрогласената влада на Порфирио Дијас.

1913.- Британците го уапсија Махатма Ганди „таткото на Индија“.

1917.- По пет месеци борба, во Првата светска војна со победа на западните сојузници врз Германија заврши третата битка кај белгискиот град Ипр. Поместувањето на линијата на фронтот на не цели 10 километри од главниот град го платија најмалку 240.000 војници.

1921.- Роден е Џејмс Џонс, американски писател. Неговите најдобри романи во кои ги обновува сеќавањата за Втората светска војна изобилуваат со натуралистички описи на секс и насилство. Познати му се делата: „Одовде до вечноста“, „Некои дојдоа трчајќи“, „Тенка црвена линија“ и други. Умре во 1977 година.

1931.- Роден е американскиот филмски режисер Мајк Николс. Негуваше специфичен хумор и се бавеше со феномените на современиот американски живот: Филмови: „Дипломец“ (Оскар), „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Сексуално воспитување“, „Ловци на мираз“.

1942.- Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија "Гоце Делчев". За време на НОВ во печатницата, меѓу другите, беа отпечатени Манифестот на Главниот штаб на НОВ и По на Македонија, прогласот на ЦК КП на Македонија по повод Илинденското востание, првите броеви на весниците „Нова Македонија“, „Млад борец“ и „Македонка“, како и првиот дел на зборникот на Кочо Рацин „Македонски ослободителни песни“.

1943.- Советската армија во Втората светска војна ги протера Германците од Киев. Киев беше повеќе од две години под окупација на Германија.

1944.- Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.

1944.- Во Битола е формиран хорот "Стив Наумов", кој подоцна прерасна во КУД "Стив Наумов".

1962.- Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите нејзини членки да ги применат економските санкции против Јужна Африка поради нејзината расистичка политика.

1968.- Во Париз започнаа мировните преговори меѓу САД и Виетнам, но воената интервенција на Американците во Индокина траеше се до април 1975 година, која заврши со пораз на САД.

1970.- Италија ја призна Народна Република Кина и воспостави дипломатски односи.

1984.- Роналд Реган повторно е избран за претседател на Содинетите Американски Држави.

1989.- Во Њујорк умре Владимир Хоровиц, руски пијанист, еден од најдобрите музичари во 20. век. Во 1944 година стана американски државјанин. Концерти приредуваше во Киев, Берлин, во Лондон, во Њујорк и на други места. Роден е во Киев, на 1 октомври 1904 година.

1993.- Грузиските трупи го зазедоа Зугдиди, последното упориште на бунтовниците лојални на сменетиот претседател на Грузија Звијад Гамзахурди.

1993.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

1996.- Во циклонот кој ја погоди југоисточната индијска држава Андра Прадеш загинаа повеќе од 2.000 луѓе.

1998.- Првите разговори меѓу Индија и Пакистан од 1992 година за спорниот пограничен глечер Сијачен ги завришија со пакистанското одбивање на индискиот предлог за прекин на огинот.

1999.- Австралијанците со 55 спрема 43 отсто ја отфрлија идејата за укинување на монархијата и воспоставување република. Австралија, како и некои други поранешни британски доминиони (Канада, Нов Зеланд) и понатаму ја признаваат британската монархија како шеф на државата, а британската круна ја застапува генералниот гувернер.

2007.- Умре Енцо Бјаџи, познат италијански новинар. Од 1952 до 1960 година го уредуваше неделникот „Епока“. Во 1961 година стана главен уредник на информативната програма на РАИ. Пишуваше за торинскиот „Печат“, римска „Република“, милански „Кориера дела сера“ и неделникот „Панорама“. Во 2002 година престана да работи за државната делевизија по 700 емисии во информативната програма „Ил Фато“ („Факти“) која ја водеше многу години. Напиша повеќе од 80 книги.

Thursday, November 5, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 5 ноември

1492.- Морепловецот Христифор Колумбо во својот дневник запиша дека пронашол "едно вкусно растение од кое живеат луѓето". Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката (царевката).

1515.- Умре Мариото Албертинели, италијански сликар, еден од претставниците на Фиорентинската школа на високата ренесанса. Роден е на 13 октомври 1474 година.

1831.- Роден е Џемс Клерк Максвел, британски физичар, најголем теоретски физичар во 19. век. Тој во областа на електромагнетизмот ги формулира познатите Максвелови равенки, ја создаде електромагнетната теорија на светлината, даде теоретска основа за радиобрановите и за радиотехниката, математички формулира повеќе Фарадееви изуми и друго. Умре во Кембриџ, на 5 ноември 1879 година.

1911.- Италија ги анектира турските покраини во денешна Либија Триполитанија и Киренаика, како и Родос од архипелагот Додеканез во денешна Грција. Либија формално се стекна со независност во 1951 година иако Италијаните земјата ја напуштија во 1943 година кога германско-италијанските сили во Втората светска војна се повлекоа од Африка.

1912.- За претседател на САД е изран Вудро Вилсон. Вилсон е единствениот претседател во американската историја кој на избори ги победи двајцата поранешни шефови на државата - Вилјам Тафт и Теодор Рузвелт.

1913.- Родена е британската театарска и филмска глумица Вивијен Ли, која светската слава ја стекна со улогата Скарлет О`Харе во американскиот филм „Однесено со виорот“ за која беше наградена со Оскар. Во театарот играше низа главни улоги во драмите на Вилијам Шекспир, често со нејзиниот маж Лоренс Оливије за кого беше мажена од 1937 до 1960 година. Филмови: „Бура во чаша вода“, „Пожар над Англија“, „Цезар и Клеопатра“, „Ана Каренина“, „Леди Хамилтон“, „Тармвајот наречен желба“.

1914.- Франција и Велика Британија во Првата светска војна и објавија војна на Турција.

1916.- Централните сили во Првата светска војна го прогласија Кралството Полска, што беше обид Пољаците масовно да се мотивираат за учество во војната на страната на централните сили. Царска Русија на овој чин одговори со ветувањето дека по војната Полска ќе добие самостојност. Дотогаш Полска беше една од руските крунски земји - рускиот цар ја носеше титулата и цар на Полска (без Галиција која беше австриска и делови кои биле под Германија).

1930.- Умре холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причините за болеста бери-бери. Нобеловата награда ја доби за откривање на витаминот Б.

1935.- Во селото Буф, Леринско, е роден Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Вреднување“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Умре во Битола на 7 јануари 1997 година.

1940.- Демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат е избран за претседател на САД.

1944.- Умре францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година. Значаен е по откривањето на трансплантацијата на ткивата и одржување на живото ткиво надвор од организмот. Исто така ја унапреди хирургијата на крвните садови.

1944.- Единиците на 51. Македонска дивизија ги протераа и последните окупаторски сили од Струмица и Струмичко.

1955.- Умре францускиот сликар Морис Утрило, кој беше самоук, со исклучок на најнужните упатства што ги доби од неговата мајка, сликарката Сизан Валадон. Со сликарство се бавеше во текот на терапијата меѓу честите престои на клиниките, каде се лекуваше од нервно растројство. Изгради свој стил, надвор од сите сликарски насоки и струи.

1956.- Британските падобранци се спуштија во Порт Саид во рамките на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет. Со енергична акција на Обединетите нации, агресијата беше запрена, но остави политички последици врз целиот регион и врз светот.

1960.- Умре американскиот филмски режисер од канадско потекло Мак Сенет, еден од најзначајните автори на бурлеските во периодот на немиот филм. Тој го промовираше Чарли Чаплин.

1968.- На изборите за претседател на САД републиканецот Ричард Никсон го победи демократот Хјуберт Хамфри.

1968.- На сцената на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје е изведена премиерата на операта во четири чина со епилог „Цар Самуил“ од македонскиот композитор Кирил Македонски.

1969.- САД го лансираа првиот вселенски брод "Маринер-3" во правец кон Марс. Поради технички грешки мисијата претрпе неуспех.

1982.- Умре францускиот филмски режисер и глумец од руско потекло Жак Тати, сатиричар, комедиограф. Филмови (режија и глума): „Празничен ден“, „Одмор на господинот Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“.

1982.- На реката Парана на бразилско-парагвајската граница почна со работа Итаипа, најголемата хидроелектрана во светот.

1898.- Умре американскиот пијанист Владимир Хоровиц, еден од најголемите мајстори на клавир во историјата. Советскиот Сојуз го напушти во 1925 година, а кога првпат се врати во 1986 година одржа триумфални концерти во Москва и во Санкт Петербург.

1990.- Во Њујорк е убиен еврејскиот рабин Меир Кахан, кој се залагаше за отфрлање на сите Арапи од Израел.

1991.- Британскиот медијски магнат од чешко потекло Јан Роберт Максвел е пронајден мртов во водите кај Канарските Острови каде беше на крстарење со јахта.

1996.- Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.

1996.- Пакистанскиот претседател ја смени премиерката Беназир Буто обвинувајќи дека нејзината влада е вмешана во корупција и непотизам и дека не е способна да управува со државата.

2003.- Европската комисија ја донесе дефинитивната одлука за влез во Европската унија, на 1 мај 2004 година, на 10 нови членки - Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.

2005.- Умре британскиот писател Џон Фаус, автор на романот „Магионичар“, „Жената на францускиот поручник“, „Колекционер“, „Мушичка“, „Даниел Мартин“.

2006.- Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин е осуден на смрт со бесење за извршени злосторствата против човештвото. Садам заедно со седуммина поранешни ирачки функционери беше обвинет за убиство на 148 муслимански шиити во местото Дуџаил, по обидот за атентат врз него, во 1982 година.

2006.- Умре поранешниот турски премиер Булент Еџевит, познат како лево ориентиран националист чија политичка кариера траеше половина век. Како премиер на Турција, Еџевит ќе остане запаметен по тоа што испрати трупи во поделениот Кипар во 1974 година, како и по тоа што на својата земја и обезбеди статус на кандидат за прием во Европската унија во 1999 година.


Tuesday, November 3, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 4 ноември

1307.- Швајцарските кантони прогласија дека не ја признаваат хабзбуршката власт, што подоцна беше почеток на швајцарската држава.

1575.- Роден е Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на Болоњската школа. Умре во Болоња, на 18 август 1642 година.

1650.- Роден е англискиот крал Вилијам III, кој во текот на влаедењето од 1689 до 1702 година помогна во јакнењето на граѓанските и деловни кругови и општо во капиталистичкото стопанство. За време на неговото владеење Англија повторно ја зазеде Ирска.

1840.- Роден е Огист Роден, француски скулптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Неговата најголема заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулпторската материја и на фигурата. Светлината е значаен фактор во неговата скулптура. Најпознати му се делата: "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале", "Балзак" и други. Умре на 17 ноември 1917 година.

1814.- Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.

1847.- Умре германскиот композитор и диригент Феликс Менделсон, основач на конзерваториумот во Лајпциг, истакнат претставник на романтизмот. Како пијанист дебитираше на девет години, а на 15 години ја напиша првата симфонија. На 16 години напиша мајсторско дело, сценска музика за „Сонот на летната ноќ“. Дела: „Шкотска“, „Италијанска“, „Хебриди“ или „Фингаловата пештера“, „Песни без зборови“, „Концерт за виолина и оркестар во e-mol“, соло-песни, камерна музика и други.

1890.- Во Лондон беше отворена првата линија на подземна електрична железница во светот - метро. Второто метро во светот, а прво на европскиот континент беше будимпештанското, отворено во 1896 година.

1893.- Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, учител од селото Смилево, Петар Поп Арсов, учител од селото Богомила, д-р Христо Катарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, книжар од Кукуш, Андон Димитров, учител од селото Ајватово и Христо Батанџиев, учител од Гуменџа, е формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.

1918.- Во Првата светска војна загина англискиот писател Вилфред Овен, во чија поезија најсилно ги осудува воените ѕверства. Значително влијаеше врз модерните англиски поети, посебно на Вистен Хју Одн и Стивен Спендер.

1918.- Силите на Антантата се согласиле со условите за капитулација на Германија во Првата светска војна, заснована на „14 точки“ предложени од претседателот на САД Вудро Вилсон.

1921.- Јапонскиот премиер Такаши Хар беше убиен во атентат.

1922.- Во долината на кралевите кај Луксор во Египет, англискиот археолог Хауард Картер го откри гробот на фараонот Тутанкамон.

1931.- Друштвото на народите ја обвини Јапонија за агресија врз Манџурија, а напуштањето на организацијата во март 1933 година уследи како одговор на Јапонија на осудата од страна на светската јавност.

1939.- На барање на претседателот Френклин Рузвелт, Конгресот го донесе законот за продажба на воени материјали врз основа на принципот „плати па носи“, што беше првиот чекор на САД за влез во Втората светска војна. Во март 1941 година тој закон е заменет со нов - за заем и наем - со уште поголеми привилегии за земјите кои се бореле против нацизмот.

1942.- Британската Осма армија на генералот Бернард Монтгомери ги победи германско-италијанските сили на Ел Алајмен (Африканскиот корпус на генералот Ервин Ромел) во Втората светска војна. Четири дена подоцна следеше исфрлувањето на сојузниците во северна Африка по што во мај 1943 година потполно ги уништија силите на Оската во Африка.

1944.- Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.

1946.- Основана е УНЕСКО (Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура) заради решавање на проблемите со образованието во земјите погодени во Втората светска војна. Подоцна задачите на УНЕКСО беа проширени, посебно во заштита на културното и историското богатство и размена на научни работници и публикации. Република Македонија е примена за членка на УНЕСКО на 18 јули 1993 година, а Повелбата на УНЕСКО во Лондон ја потиша на 18 јуни 1993 година.

1952. - Републиканецот Двајт Ајзенхауер победи на изборите за претседател на САД, кој за време на двата четиригодишни мандата не се истакна посебно.

1956.- Советската армија ја задуши буната во Унгарија и наместо Имро Наѓ, кој засолниште побара во амбасадата на Југославија, претседател на владата стана Јанош Кадар.

1956.- Генералното собрание на ОН усвои резолуција за упатување на „сини шлемови“ на Блискиот Исток.

1966.- Најголемите поплави во историјата на Италија се случија на третина од нејзината територија при што штетите беа огромни. Во древниот град Фиренца значително беше оштетено културното богатство.

1974.- Претставници на над 100 земји на светот се собраа во Рим да ги разгледаат мерките за решение на проблемот на гладот во светот.

1976.- Велика Британија предложи независност на Јужна Родезија (сегашна Зимбабве) под владение на црнечкото мнозинство од 1 март 1978 година. До 165 година земјата беше британска колонија. Од април 1980 година Зимбабве е меѓународно призната земја со која раководи црнечкиот лидер Роберто Мугабе.

1979.- Исламски студенти во Техеран ја окупираа амбасадата на САД при што 52 службеници држеа 444 дена како заложници барајќи да им биде испорачан шахот Реза Пахлави, кој во тоа време се наоѓаше во болница во Каиро.

1980.- За претседател на САД беше избран републиканецот Роналд Реган, кој на оваа функција остана два мандата, бидејќи ги доби изборите и во 1984 година.

1983.- Во Либан загинаа повеќе од 40 израелски војници со детонација на камион полн со експлозив, која ја предизвика исламски терорист-самоубиец.

1984.- Првите слободни избори во Никарагва завршија со победа на Сандинистичкиот фронт кој освои 68 отсто од гласовите.

1995.- Убиен е израелскиот претседател Јицак Рабин, во моментот додека го напушташе мировниот митинг во Тел Авив на кој говореше. Беше шеф на владата од 1974 до 1977, и од јуни 1992 до убиството.

1996.- Умре Жан Бедел Бокаса, бивш самопрогласен цар на Централноафриканската Република. Роден е во 1921 година.

2000.- Умре Миле Ангеловски, македонски новинар. Роден е во селото Горна Бошва, Кавадаречко, во 1936 година.

2004.- Соединетите Американски Држави ја признаа Република Македонија под уставното име.

Monday, November 2, 2009

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1 ноември

1699.- Роден е Жан Батист Шарден, француски сликар. Теми во неговото сликарство пред се се мртва природа и ентериер. Припаѓа на генерацијата на претходниците на модерната уметност. Умре на 6 декември 1779 година.

1721.- По војните против Отоманското царство и Шведска со кои се зацврсти Русија на Црното Море и Балтикот, Петар Велики е прогласен за цар на цела Русија.

1755.- Родена е француската кралица Марија Антоанета, сопруга на Луј XVI и ќерка на австриската царица Марија Терезија, која беше крајно несакана по избувнувањето на Француската револуција во 1789 година. Припишана и е ироничната порака упатена кон гладниот народ: „Ако немате леб, јадете колач“. Под обвинение дека ја предала Фрација со тоа што била во врска со виенскиот двор, во 1793 година беше погубена на гилотина.

1766.- Роден е австрискиот војсководец од унгарско потекло фелдмаршал Јохан Јозеф Радецки, воен реформатор и национален херој кој повеќе од половина век во битките ги предводеше австриските трупи. Учествувал во битките против францускиот цар Наполеон I во Италија и на Рајна и во гушењето на италијанските востанија против Австрија во 1830, 1831, 1848 и во 1849 година. По победите врз Италијанците во 1848 кај Кустоце и во 1849 година кај Навара, стана гувернер на Ломбардијско-венецијанската област.

1815.- Роден е англискиот математичар Џорџ Бул, најзначаен творец на современата математичка логика и „Булова алгебра“, клучно за развој на сметачите. Поради сиромаштија, завршил само основно школо, но сам ги научил класичните јазици и француски, германски и италијански. Врз основа на извршените математички задачи, во 1849 година беше поставен за професор по математика на колеџот во Корк, по што го напиша најзначајното дело „Истражување на законот за мислењата“.

1903.- На врвот Маргара, близу до селото Чаниште, Мариовско, се водеше тешка борба меѓу четите на Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов, Циле Кономладски и Јово Јовановиќ од една, и турската војска, од друга страна.

1906.- Роден е Лукино Висконти, италијански филмски режисер, сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа. Познати се неговите филмови: "Земјата трепери", "Роко и неговите браќа", "Смрт во Венеција", "Гепард" и други. Умре на 17 март 1976 година.

1911.- Роден е грчкиот писател Одисеј Алепуделис, познат како Одисеј Елити, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1979 година, чија поезија се одликува со ретко лексичко богатство и чудесни метафори. Дела: збирка песни „Ориентација“, „Монограм“, есејот „Отворена книга“ и др.

1913.- Роден е американскиот глумец Бартон Стивн Ланкастер, познат како Берт Ланкастер, кој како поранешен циркуски артист почна со улоги во авантуристички филмови, но потоа ја потврди и својата исклучителна актерска индивидуалност. Филмови: „Одовде до вечноста“, „Заробеникот од Алкатраз“, „Седум дена во мај“, „Воз“, „Гепард“, „Затворен семеен круг“, „Тетовирана ружа“ и други.

1915.- Во Шербур е роден Роланд Бартес, француски филмски теоретичар, проучувач на културата на книжевноста. Умре во Париз, на 26 март 1980 година.

1917.- Велика Британија со Балфуровата декларација се заложи за основање на еврејска држава во Палестина.

1930.- Хаил Селаси I е крунисан за цар на Етиопија.

1938.- Во Минхен е склучена фамозната спогодба меѓу Хитлер, Мусолини, Чемберлен и Данадје, според која Чехословачка мораше да ја отстапи Судетската облест на Германија. Потоа, Хитлер склучи пакт за пријателство со Франција и Англија, најавувајќи дека Германија нема веќе територијални претензии во Европа, но наскоро, оваа „свечена“ декларација ја демантира со своите нови претензии за освојување на туѓи територии.

1944.- Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунистите) во писмо до генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија Јосип Броз Тито ја призна вината за фашистичките злодела направени во Југославија во Втората светска војна.

1950.- Во Хартфоршир умре Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му носат репутација на најдуховниот драматург во 20. век. Негови најпознати дела се драмите: "Света Ивана", "Занаетот на госпоѓа Ворен", "Мајсторот Барбара" и други дела. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.

1953.- Пакистанскиот парламент ја прогласи земјата Исламска Република Пакистан.

1964.- Во Саудиска Арабија од престолот е симнат кралот Сауд, а за крал е прогласен принцот Фејсал.

1971.- Умре Михаил Илич Ром, еден од врвните советски филмски режисери. Главни негови филмови се „Дунда“, „Ленин во октомври“, „Човек бр. 217“, „Тајна мисија“, „Адмирал Ушаков“, „Обичен фашизам“ и други. Роден е во 1901 година.

1976.- За претседател на САД е избран Џими Картер, кандидатот на Демократската партија.

1978.- Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут 6“ се вратија на Земјата, поставувајќи нов светски рекорд на престој во вселената - 139 дена и 14 часа.

1990.- Парламентот на Мозамбик усвои нов устав со кој во земјата е воспоставена повеќепартиска демократија.

1990.- Во Штип умре Панче Мировски, првиот лирски тенор на македонската оперска сцена и своевидна легенда на Штип. Со група ентузијасти под диригентската палка на основоположникот на музичкиот живот во Штип, Сергеј Михајлов, во 1924 година настапи во операта "Палјачи", која се смета за прво музичко драмско дело, изведено во Македонија. Роден е во Штип, во 1902 година.

1994.- Повеќе од 430 луѓе загинаа на југот на Египет во пожар по експлозија во големо складиште на нафта близу едно село.

1996.- Во Паунд Риџ, Њујорк, САД, умре Вуко Ташковиќ, угледен американски архитект, од македонско потекло. На Универзитетот Корнел во САД е формиран фонд „Ташковиќ“ за чии стипендии предност имаат студентите од Македонија. Роден е во Битола, во 1938 година.

1998.- Интензитетот на ураганот „Мич“ се намали по една недела во која предизвика огромо разорување во Централна Америка, посебно во Хондурас и Гватемала, и смрт на најмалку 9.000 луѓе.

2003.- Свештеникот на американската епископална црква Кенон Џин Робинсон е поставен на должноста бискуп иако јавно се изјасни дека е хомосексуалец.

2004.- Умре претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Зајед бин Султан ел Нахајан. На чело на Емиратите беше од здобивањето независност од британското владеење и формирање на унијата во 1971 година.

2005.- Тео ван Гог, холандски филмски и книжевен творец на контроверзни идеи, е убиен во Амстердам, два месеца по прикажувањето на неговиот краткометражен филм „Потчинетост“ на холандската телевизија, во кој говори за потценувањето на жените во муслиманските земји. Автор е на околу 20 филмови и три книги по кои Ван Гог е познат како остар критичар на исламизмот, хомосексуалците и Евреите.

2007.- Умре Игор Мојсиев, руски кореограф, основач и доживотен раководител на Државниот академски ансамбл на народини игри. Од 1936 година е раководител на ансамблот на народни игри при Народниот театар. Во 1943 година ја основа првата и света професионална школа на народни игри (Кореграфска школа-студио). Во 1966 година во Масква го основа Кореографскиот концертен ансамбл (сега Московски театар на класичен балет). Носител е на бројни награди меѓу кои се и три Ордени на Ленин. УНЕСКО му го додели медалот „Моцарт“.
Сподели:
Bookmark and Share

Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More