Latest Video

Showing posts with label Мистерии. Show all posts
Showing posts with label Мистерии. Show all posts

Monday, November 2, 2009

Клетвата на Тутанкамон

Прочитајте за една од најголемите мистерии воопшто во историјата на човештвото. Клетвата на фараонот Тутанкамон, за која се верува дека предизвикала смрт на сите кои имале допирни точки со откритието на неговата гробница!

Многу години наназад се зборува за чудните ситуации при кои загинале многу од истражувачите на пирамидите и гробовите на фараоните.

„Смрт ќе дојде за тие кои го нарушуваат сонот на Фараонот...“ Овие зборови биле напишани на влезот на гробницата на египетскиот крал Тутанкамон во Луксор.СликаОваа гробница за прв пат била отворена во 1923 година, за прв пат по 3000 години. Човекот кој ја водел експедицијата бил Англичанец, Лорд Карнарвон. Клетвата на фараоните му е добро позната. Тој знае што се случило при некоја претходна експедиција кога префрлувал скапоцености во Англија.

Многу наскоро откако ги пренесол скапоценостите, си ја пукнал раката со неговиот пиштол. Потоа бродот каде што ги пренесувале работите доживеал бродолом, па куќата каде што биле чувани изгорела. И за се да биде уште побизарно, фотографот кој ги сликал сите работи, се самоубил.

Два месеци по влегувањето во гробницата на Тутанкамон, Лорд Карнарвон бил пронајден мртов и во следните шест години уште дванаесет луѓе од таа експедиција биле мртви. Во текот на годините, сите луѓе кои се поврзани со таа експедиција на било кој начин, загинале.

Долгата листа на загинати почнала едно утро во април 1923 кога Карнарвон се разбудил во неговата соба во хотелот во Каиро и не се чувствувал добро. Кога неговиот син пристигнал во хотелот тој веќе бил во несвест. И истата таа ноќ умрел. Неговата смрт била резултат на каснување од комарец - каснување кое било на исто место како и лузната на Тутанкамон.СликаПотоа смртта ги зела останатите членови, еден по еден. Личниот асистент на Карнарвон, Ричард Бетхел, бил пронајден мртов заради проблеми со срцето. Радиологот Арчибалд Рајд, кој го испитувал телото на Тутанкамон, се пожалил на исцрпеност по што заминал во Англија и таму умрел. Археологот Артур Мејс кој бил еден од водачите на експедицијата ненадејно паднал во кома и умрел пред докторите да утврдат што не е во ред со него. До 1930 само двајца од првичниот тим на експедицијата која го пронашла гробот биле живи.

Нешто подоцна, во 1939 година, од рак починал и првиот кој го открил гробот на Тутанкамон, англискиот археолог Хауард Картер, кој бил вработен од лорд Карнавор.
Клетвата на Фараоните функционирала дури и половина век подоцна. Во 1970 единствениот преживеан од експедицијата, 70-годишниот Ричард Адамсон давал интервју за ТВ. Тој им кажал на гледачите дека не верува во ’Клетвата на Тутанкамон’. По неговото интервју, додека го напуштал ТВ студиото доживеал сообраќајна несреќа по што испаднал од таксито и за малку не бил убиен од камион.

Ова било трет пат Адамсон јавно да кажува дека не верува во клетвата. Првиот пат неговата жена умрела по 48 часа. Вториот пат неговиот син доживеал авионска несреќа, за среќа преживеал, но останал парализиран. И по третиот пат кога видел дека за малку тој ќе настрадал, Адамсон рекол „Досега одбивав да верувам дека има некаква поврзаност од фараоните со тоа што се случува со моето семејство. Но сега имам поинакво мислење.“Во 1972 било одлучено богатството на Тутанкамон да биде преместено од музејот во Каиро во лондонскиот музеј заради некоја изложба. Преместувањето било надгледувано од д-р Гамал Мехрез. Мехрез бил директор на музејот и бил одговорен за богатствата на фараоните, но тој исто така не верувал во клетвата. Тој рекол „Јас повеќе од сите на светов сум замешан со гробниците и мумиите на фараоните. Па се уште сум жив. Не верувам во никаква клетва“

Богатството на Тутанкамон било преместено од Каиро на 3 февруари 1972. На тој ден д-р Мехрез ненадејно умрел на 52-годишна возраст.

Имало многу чудни случаи поврзани со Клетвата на Фараоните, но за најтрагична се смета една, во која загинале најмногу луѓе...

Во 1912, британски патнички брод преминувал преку Атлантикот за Америка. На бродот се пренесувала египетска мумија. Тоа било телото роднина на Тутанкамон, Акенатон. Заради неговата голема важност, мумијата не била сместена во багажот на бродот, туку била чувана во мала соба веднаш до кабината на капетанот. А капетановата грешка направила бродот да потоне и тој бил виновен за смртта на 1513 патници. Името на тој брод било .... Титаник.

Friday, October 30, 2009

Над Романија нов облак со форма на НЛО

Облак со облик на летачка чинија се појави над небото во Романија само неколку недели откако слична необична појава имаше и над Москва.
Метеоролозите објаснуваа како московскиот феномен бил само оптички ефект што го создале одредени временски услови. Меѓутоа, снимката од Романија остава без здив.

- Не можам да разберам како досега никогаш никој не виде ваков облак, а еве сега, со временска разлика од само неколку недели, одеднаш се појавуваат два - напишал еден корисник на интернет страницата „Лајвлик“.

Некои одат до таму што шпекулираат дека вонземјаните се подготвуваат за инвазија на земјата.

Сепак, стручњаците велат дека необичните облаци се создале затоа што влагата во воздухот била помала од нула степени според Целзиус, ама не се претворила во мраз. Додека поголемиот дел од ладната вода останува во воздухот, мразот создава пена, која се спушта кон земјата оставајќи дупка со облик на крофна. Светлосниот ефект се должи на ниската положба на Сонцето.

Блиска средба на НЛО со Бразилска ТВ екипа

На враќање од терен каде снимале прилог за локалните банди, новинари и камермани од ТВ екипата на Gazeta во Сао Паоло допатувале со уште еден ексклузивен материјал во рацете - снимиле Непознат Летечки Објект, таканаречен НЛО.

Камерманот Jailson Fernandes изјавил дека леталото го приметиле над автопатот, односно дека на тоа подрачје се задржало околу час и половина.




Бразилската сојузна држава Акре на која главен град е Рио Бранко, е позната по често гледање на Непознати Летечки Објекти, а интересен е фактот што истата телевизиска екипа со ваква необична појава се сретнува втор пат.

Thursday, October 29, 2009

Легендата за НЛО живее

Еден од настаните кои најсилно го зграпчија вниманието на НЛО ентузијсатите во светот - е падот на мистериозното летало во близина на американскиот град Розвел во Ново Мексико, пред точно шеесет години. Се уште има многу луѓе кои веруваат дека се работеше за „неидентификуван летечки објект" од вселената, кој американската војска едноставно го прикри.

Инцидентот Розвел сега е дел од американската легенда. Почна во 1947, во областа Ново Мексико, која, како што веруваат многумина, беше посетена од вонземјани.

Џули Шустер е директор на меѓународниот НЛО музеј во Розвел: „Тогаш еден локален фармер наишол на големо количество шут, предизвикано од грмотевици. Не знаел што е, па однесол парчиња во канцеларијата на шерифот“.

Шустер додава: „Од таму, се јавиле до воената база во Розвел.

Војската го испратила мајорот Џеси Марсел, и од тој момент местото станало надлежност на војската, и секое делче од шутот било исчостено. На 8-ми јули, било издадено соопштение дека се работи за - летечка чинија“.

Така се роди инцидентот Розвел. Но малку подоцна изјавата беше повлечена.

Војската подоцна тврдеше дека всушност се работело за метереолошки балон кој се урнал на фармата.

Минатиот месец, Пентагон објави извештај дека необичниот шут - биле остатоци од воена тест-програма која била државна тајна...

Во 1947-та имаше и сугестии дека биле видени и тела од вонземјани!

Но полковник Џон Хејнс минатиот месец рече дека веројатно тоа биле пластични кукли - користени во воените истражувања на крајот во Втората светска војна.

Не се сите согласни со ова.

Франк Кофман, кој во тоа време работел во базата, е еден од скептиците:

„Тоа што го видовме не беа кукли. Таа програма на војската почна четири години подоцна. Ние едноставно видовме суштества кои не беа од оваа планета“.

Приврзениците на верувањето за НЛО ја отфрлија теоријата за куклите на Пентагон, и веруваат дека федералните власти нешто кријат.

Неодамнешно истражување покажа дека тројца од четворица Американци веруваат дека владата е вмешана во заговор....

А во меѓувреме, митот за инцидентот Розвел живее и понатаму...

Бермудски триаголник

Бермудскиот триаголник е зона во Атлантскиот океан која се протега помеѓу Мајами-Бермудите-Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или се` се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе Бермудскиот триаголник е зона во Атлантскиот океан која се протега помеѓу Мајами-Бермудите-Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или се` се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе повеќе од кои не биле најдени.

Теории


Постојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е да се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. А друго, дека има пореметување на земјината магнетосвера. Некои пак мислат дека е дело на пирати. Некои мислат дека е човечка грешка но сепак мистеријата за бермудскиот триаголник станува се поголема и по нејасна од кои лугето копнеат да дознаат со каков над природен проблем треба да се соочиме!

Прв случај

Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селеста. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорк и Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија. Се верува дека на местото на бермудскиот триаголник бил исчезнатиот континент Атлантида.


Други настани

1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди.
1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник.
1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.
1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“.
1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација.
1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага.
1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.
1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници.
1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот.
1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“.
1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци.
1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион.
1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“.
1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.

Во Африка роден мутант на коза и човек!?

Селани од Зимбабве нашле суштество што во својот изглед многу потсетувало на мешавина од коза и човек Африканските стручњаци не можеле точно да утврдат за што точно се работи затоа што суштеството починало за неколку часа. Имало голема глава со лице што многу потсетувало на нагрдено лице на бебе, врат и рамена како на човек, но нозе и опашка како на коза.

Селаните пронаоѓањето на ова суштество го доживеале како клетва од некоја вештерка и знак за зло и затоа веднаш го запалиле за да се ослободат од урокот. Гувернерот Џејсон Мачаја е сигурен дека за сé е одговорен некој човек што имал секс со коза, но научниците ја отфрлаат таа опција. Тамошните ветеринари немале можност во живо да го видат суштеството, меѓутоа судејќи по видените фотографии одлучиле дека се работи за мало јаре со деформирана глава и дека тоа е причината што суштеството во носот, ушите и другите делови од телото толку потсетува на човек.

Зошто петок 13 го сметаме за баксуз-ден?

На листата на најголемите стравови на луѓето во 21-от век, секако почесното прво место го зазема смртта. Во модерните времиња се јавува и страв од неуспех, кој што се наоѓа на високото второ место. Сепак од најстари времиња до денес, постои стравот од тринаесет како број, најчесто поради верувањата дека бројот 13 е баксузен. Ваквиот страв, иако за многумина неоснован, меѓу медицинските лица е попознат како параскаведекатриафобија и е мошне широко распространет меѓу луѓето.

Бројот 13 одамна се сметал за баксузен, особено ако доаѓа во комбинација со денот петок. Во паганските обичаи петок како ден се сметал за најсреќен во неделата, бидејќи со него владеела планетата Венера, планетата на љубовта и среќата. Но за христијаните, денот петок и не бил така среќен, земајќи предвид дека Адам и Ева го изеле забранетото овошје во петок и дека Исус Христос бил распнат на крст токму во петок. Поради овие причини, со векови морнарите одбивале да отпловат во петок, се до почетокот на 20-тиот век, кога се утврдило дека во петок има најмалку сообраќај, па од практични причини граѓаните почнале често да патуваат токму тогаш. И пред да речете „Фала му на Бога, петок е“, мислејќи на почетокот на викендот и на будењето подоцна наредниот ден, имајте предвид дека истражувањата на ФБИ велат дека токму најголемите кражби се случуваат во петок.

Додека барем за младите делот петок од баксузната комбинација петок 13-ти ги асоцира на убави моменти, тринаесетката останува да „боде очи“. Стравот од овој број произлегува од способноста на луѓето во стари времиња да бројат до 12. Од 13 па понатаму броевите имаат имиња кои се автентични, но во исто време претставуваат комбинација меѓу имињата на броевите од 1 до 12. Размислувањата одат до таму што бројот 13 во тарот картите означува смрт. Несреќниот број 13 се поврзува и со симболичното месење 13 леба, присутно во минатото, кога 12 леба претставувале дузина, а 13-тиот леб се правел за ѓаволот да не ја попречува продажбата на лебот.

Сепак бројот 13 не носи секаде лоша среќа. Маите верувале во 13 богови, Ацтеките по 13 скали доаѓале до нивните свети места, а Евреите зборуваат за 13 принципи на вера. Но од сеуште нејасни причини, луѓето се суеверни и одбегнуваат на петок 13-ти да патуваат или да донесуваат важни одлуки, мислејќи дека така ќе ги следи лоша среќа.
---------------
Јас не сметам дека е баксуз, туку на тоа повеќе влијае уверувањето на луѓето дека нешто лошо ќе им се случи. Ако такво нешто се случи, веднаш му се препишува на датумот.

Според Маите нема да има крај на светот во 2012 година

Потомок на древните Маи тврди дека нема да има крај на светот во 2012 година, и покрај толкувањата на нивниот календар дека времето на овој свет ќе истече на 21 декември, истата година.


Како што пренесува “Телеграф“, Аполинарио Чиле Пикстун од Гватемала, потомок на Маите изјавил дека веќе е изморен од бројните прашања за крај на светот.

Со наведениот датум се завршува значаен период за дрвената цивилизација. Додека ентузијастите набројале цела серија на астрономски порамнувања, кои коинцидираат со 2012 година, вклучувајќи и едно што се случува секои 25.800 години. Повеќе археолози, астрономи и самите Маи велат дека единствено нешто што ќе ја погоди земјата ќе биде дожд од филозофи на Новото време.

Пиктун истакнал дека теоријата за крај на светот потекнува од запад, а не од неговите предци. Хистеријата има и некоја археолошка основа, вклучувајќи го споменикот број шест, најден при изградба на пат во јужно Мексико.

Записот на камена плоча опишува нешто што ќе се случи 2012 година,а го вклучува мистериозниот бог Болон Јокатеа на војната и создавањето. Крајот на пораката бил уништен од ерозија.

Археологот Гилермо Бернал од Националниот автономен универзитет од Мексико, вели дека постојат други записи на Маите за датите кои одат подалеку од 2012 година, еден од нив е 4772 година.

“Маите никогаш не рекле дека ќе има крај на светот“, рекол Дејвид Стјуарт, експерт за оваа древна цивилизација. “Тие никогаш не рекле дека ќе се случи нешто лошо, тие само ја забележале идната годишнина“.

Според други, маите го познавале тајното колебање на земјената оска, која донекаде го менува распоредот на ѕвезди секоја година. Секои 25.800 години Сонцето се израмнува со центарот на Млечниот пат за време на зимскиот солстициј, кога Сонцето е на најниската точка на хоризонтот.

Вонземјаните ја посетувале земјата во минатото?

Од Википедија еден подолг пост за вонземјаните..

Цртежи од Вал Камоника, Италија, од околу 10.000 п.н.е., се смета дека претставуваат вонземјани. Исто така се смета дека претставуваат божества или други митолошки ликови од религијата од тоа време.

The Догу (土偶) се спекулира дека е древен астронаут кој ја посетил Земјата во време на древна Јапонија.


ахм да почнеме.
Теориите за древни астронаути или палеоконтакти се претпоставки дека вонземјани ја посетувале планетата Земја и дека таквите контакти водат до почетоците или развојот на човештвото, културата, технологијата и/или религиите.
Некои од овие теории сугерираат дека божествата од повеќето, ако не и од сите религии се всушност вонземјани, а заради нивната технолошка надмоќност им е доделен божествен статус.
Теориите за древните астрономи не се поддржани од научната заедница, а статиите на таа тема ретко се објавуваат во научните списанија. Овие теории се популаризирани во втората половина од 20 век, од писателите Ерик вон Деникен, Зехарија Сичин и Роберт Темпл.
Теориите за древните астрономи најчесто се тема на научната фантастика.
Ваше мислење околу ова?
Дали навистина Земјата била посетувата од Вонземјаните или овие цртежи означуваат нешто друго.?:

Во еден манастир во косово , дечани србија има една икона.

Од поблиску.

Ја сакам мистиката , но ова ме збунува , што бара на икона , и дали има везе што овие 2 ’’нешта‘‘ се различни...
и да го земеме фактот дека манастирот е направен во 14 век

Овдека нема ништо лошо , нормална слика со нормални нло-а во позадина
да видиме хај-рез , слика е од петнаесетиот век најверојатно насликана од Доменико Гирландаио.

Ова е или нло , или некоја артистичка метафора на божји гомна.


После можеме да го видиме крштевањето на Исус ,сликана во 1710 од Аерт Де Гелдер , се вика дека оваа слика имала најчиста слика на нло во било која слика , во што се сомневам.

Француски Јетон , паричка , од 1680-та , со латински израз кој во превод што значи "тука е во соодветно/поволно време"

Јапонска слика од НЛО од 1803-та година , од Харатонохама Хитачи Јапонија , најдено е во стара книга за секакви различни превозни средства , стари that is. Приказната е дека леталото било најдено на плажа и било направено од стакло и од метал и содржело чудни знаци.

Стар ракопис од дванаесетиот век , наречен Annales Laurissenses. Ни ја кажува приказната за опсадата на замокот Сигибург во Франција , каде Саксоните ги опколиле Французите и скоро ги победиле кога одеднаш огнени штитови лебделе над црквата , оваа битка се случувала во 776-тата година

Потоа можеме да ја видиме античката скулптура најдена во Еквадор
друго незнам што да ви кажам , споредбата со денешниот астронаут е очигледна.

И еве повторно со распнувањето на Исус , повторно 2 тела над него.Фреска во Катедралата Светитсковели во Мтцкета Грузија , катедралата е стара НЕЗНАМ , знам направена е во четвртиот век. Чисто се познава дека тие две тела содржат лица.


Во литературата Театрум Орбис Терарум , дело од Адмиралот Блау , оваа слика прикажува судирот помеѓу два холандски бродови со два Диск-обилни објекти во небото.

истото и во оваа , но се сомневам дека се нло-а , можеби уметниците не биле усовршени во темата облаци.

Tenture de la VIe de la Vierge , непознат сликар , 1330-та година Нотр-Дам во француската басилика.


толку од мене , заклучок сликиве можеби се чиста коинциденција , чиста фантазија или чист психоделичен трип на тогашните уметници , ваше е дали ке верувате или не, и ако може ваши мислења ...


Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More