Latest Video

Showing posts with label Историја. Show all posts
Showing posts with label Историја. Show all posts

Thursday, October 29, 2009

Какви мистерии крие Македонија ?

Македонија крие премногу тајни кои можат да бидат цел на научни истражувања, а и своевидни туристички атракции.

Сите македонци знаат какви се убавини поседува Македонија и од оние прочуените, а и од оние скриените кои се рај за телото и душата.
Но, вистинското прашање е колку се знае за тоа какви се мистерии крие Македонија. Македонија можеби е најмистична земја уште од нејзините почетоци ако тоа може да се нарече уште и од античко време. За жал во Македонија не постои таква технологија со која би можеле да се испитаат ваквите феномени.Но зашто не се обрне повеке внимание на пропагандата за истите низ целиот свет. Тоа може да ни го зајакне туризмот како и да ја подобри финансиската состојба на Македонија. Еден Лох нес не е ништо посебно да не пстоеше легендата за Неси која не се знае дали е вистинита.

Тиквешко езеро


На прекрасното Тиквешко езеро се наогаат ,,чуда,, од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци со се луѓе. И нормално ќе си речете во рибарска приказна кој верува.Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит. Не постојат такви кранови кои би можеле да ги извададат и ако успеа да се извади еден кој беше со големина на чамец. И истиот беше поставен на плоштадот во Скопје. Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно. Кога сме веќе кај митовте и легендите Македонскта историја е преполна со исти.Имаме толку многу волшебни шуми и пештери, гори, езера и мистични тврдини.Секое си има своја приказна и легенда исполнета со митски суштества која е убава да се чуе и како за крај убаво да се спакува и продаде.

Планината Кожув


Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.


Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.
Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар.
Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар.
Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација.
Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето.
Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен.
Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм.



Ако ова уште е мистерија сигурно не е дрвото кое вирее само на Кожув и за кои претпоставувам не сте чуле.
Дрвото се вика Гол човек баш поради фактот што нема кора на стеблото на дрвото.Составено е само од срцевина и има боја на човечка кожа. Интересно е тоа што ова дрво ја менува својата боја.
Кога сонцето изгрева стеблото му позеленува ,во текот на денот има боја на човечка кожа додека пак на зајдисонце поцрвенува.



МИСТЕРИЈАТА НА ЦРКВАТА ЗАШТИТНИЧКА НА СКОПЈЕ - "СВЕТА БОГОРОДИЦА"
Чудна сила уриваше се што ќе почнеше да се гради на темелите на старата црква

По земјотресот, властите одлучиле на местото на црквата да изградат културен дом, но сите обиди нешто да се изгради биле кобни- работниците се повредувале, а двајца ги затрупале тукушто изградените темели

Она што ја прави оваа црква поразлична од другите, е тоа што објектот е само привремено подигнат, во близина на темелите на некогашната црква "Света Богородица" која била заштитничка на Скопје. Таа во себе ја крие историјата на градот, испреплетена со многу легенди и мистерии. Старите скопјани не само што ја чувствуваат црквата "Света Богородица" како заштитничка на Скопје туку, поради мистичните и натприродни случувања, сметаат дека местото на кое е изградена е свето и на него не може да има ништо друго освен црква.
Старата црква "Света Богородица", чие цело име гласи "Рождество на Света Богородица", била изградена во 1835 година кога Македонија била дел од Османлиската Империја. Во тоа време, Македонците не смееле да градат цркви, вели протојереј Методи Лазаревски, кој денес работи во "Св. Богородица". "Тогаш никој не смеел да гради црква. И оние што се изградени, направени се ниски, повеќе во земја. За да ја изградат 'Света Богородица', христијаните се послужиле со итрина, затоа што само на тој начин можеле да ја изградат. На местото на црквата тие закопале икони и крстови, а потоа отишле кај султанот да бараат дозвола на тоа место да изградат црква, со образложение дека е свето. Султановите служители дошле во Скопје, копале на посоченото место и кога навистина нашле закопани христијански обележја, султанот им дал дозвола да изградат црква", вели прота Лазаревски.
Таа била подигната за многу кусо време, а се зборува дека, покрај бројните еснафи кои дале свој придонес, најмногу пари за нејзина изградба дал некој богаташ кој имал два сина. Каменот со кој ја граделе бил пренесуван од човек на човек од каменолом во подножјето на Водно, па преку Вардар. Во изградбата учествувале 10.000 луѓе кои работеле со голем ентузијазам за да се заврши што побрзо. Таа била една од најголемите цркви во Скопје и прераснала во Соборен храм. Веднаш до неа била сместена Митрополијата, а само на неколку метри од неа, подоцна никнала и малата црква "Света Мина". Самото тоа што била Соборен храм, говори дека била многу посетена, во неа се крштавало и се венчавало, се држеле литургии и се славело христијанството.
"'Света Богородица' беше голема и многу убава црква. Внатре целата беше во резби од борово дрво. Sидовите беа покриени со златни икони. Постојано беше полна со луѓе. Јас сум венчана во неа и таа ми е во најубавите спомени", вели Милка Дебарлиева, која израснала во Пајко Маало каде што сега се темелите на црквата.
Баба Милка се сеќава и на времето кога црквата била запалена и опљачкана во 1943 година, за време на бугарската окупација. "И денес пред очи ми е таа слика. Додека пламенот уште не беше многу голем, Бугарите влегуваа внатре и ги изнесуваа златните икони. Ништо не оставија. По огнот, од црквата останаа само изгорени sидини, но традицијата никој не можеше ниту да ни ја запали ниту, пак, да ни ја украде. За празниците ние продолживме да се собираме тука. Ги чистевме камените плочи и традицијата ја одржувавме во урнатините кои за нас беа свети", раскажува баба Милка.
Со палењето и пљачкосувањето, скопјани ја изгубиле својата заштитничка. Баба Милка верува дека од тогаш работите во градов тргнале на лошо - поплава, земјотрес, па се до ова што се случува денес. Таа вели дека за време на комунизмот им ги одзеле и урнатините. По земјотресот, државата решила на темелите на црквата да изгради културен дом, но токму тогаш се покажало дека местото каде што е црквата е свето.
"Дојдоа со булдожери и ги урнаа сите остатоци од црквата. Сакаа тука да градат културен дом, во нејзините темели. Но, не им даде господ. Денес ќе изградат, а утре ќе го најдат урнато. Некоја сила буташе се што ќе изградеа. Што раце, нозе и 'рбети искршија работниците, а двајца загинаа во темелите", вели Баба Миклка, потенцирајќи дека оваа мистерија ја знаат речиси сите стари скопјани, но молчат. Лазаревски пак, осведочи дека смртта на двајцата работници и несреќните случаи за време на обидите да се изгради културен дом не се само мистериозна легенда за која се зборува меѓу луѓето.
"Тоа е чиста вистина. Овде се случуваа необични нешта. Двајца работници, навистина загинаа во темелите на 'Света Богородица'. Мој пријател, судија, беше на увидот кога загинаа. Од неразјаснети причини, тукушто изградените темели се урнале и ги затрупале двајцата работници. Тогаш властите се откажаа од градењето културен дом врз камењата на црквата. Тоа е чудо божјо, мајката божја тука ставила рака и како да вели 'тука е мојот дом'. И денес тука стојат масивните бетонски темели на несудениот културен дом. Од тогаш, местото почна да се запустува и до пред некоја година не се познаваше дека тука имало црква", вели прота Лазаревски.
Тој, поддржан од група скопјани кои организираа движење за храмот "Света Богородица" поставија крст, како камен-темелник на новата црква која треба да се изгради на темелите на старата. Нешто подоцна беше изграден привремениот објект, па скопјани за Богородица и за другите христијански празници почнаа тука да се собираат. Подоцна се појави и идејата за изградба на нова црква.
"Немавме во план овде да градиме црква. Планот беше да се гради некаде во Аеродром или во Карпош каде што има верници, а нема цркви. Но, луѓето доаѓаа кај нас и ни кажуваа дека сониле или им се видело дека треба да се изгради црква на темелите на старата 'Света Богородица', и тие ни ја дадоа таа идеја. Прво, земјиштето не беше на црквата, поведовме постапка и го добивме .

Мистична Македонија!!!

Ајде да ги разгледаме најмистичните предели во Македонија.
Јас ќе почнам со Ѓаволскиот Ѕид! Само ве молам оние што ќе пишуваат да ја наведат точната локација за да може полесно да пристапиме!!!

Мостот Елен скок, изграден на Мала Река, наспроти селото Могорче, а шестотини метри од месноста Бошков Мост на регионалниот пат Гостивар - Дебар, со невообичаена градба, архитектура, материјалот со кој е граден и поставеноста во просторот го плени вниманието на посетителите. Многумина специјално доаѓаат и се воодушевуваат на мостот Елен скок и на волшебната убавина на природата. Бистрите и пенливи води на Мала Река, која ја сочинуваат Тресонечка и Гарска Река, целосно го има исполнето коритото. Така ќе биде во наредните месеци додека се топи снегот на планините Бистра и Стогово.

Тука, од жителите на село Могорче, ја слушнавме и легендата за изградбата на мостот Елен скок, пренесувана од колено на колено од нивните предци. Мостот бил изграден пред 3- 4 века во спомен на загинувањето на еден волшебен и прекрасен елен. На планината Стогово, во непосредна близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил дека еленот со топлиот поглед и ставот како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство. Така ловџијата и еленот се спријателиле и секој ден се дружеле. За средбите со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го соѕидале овој мост со невообичаена градба.
го презедов од Утрински В.

Камени сватови

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка.

Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица.

На локалитетот има околу 140 кукли, а најголемо внимание привлекуваат двете огромни камени кукли, кои страсно се бакнуваат и ги претставуваат младенците.

Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.

Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Како и да е, ваква "свадба" нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Нешто слично има само во Србија, во местото Ѓавоља Варош.

Ако патувате од правец на Скопје, 15 километри пред да влезете во градот, на мостот кај селото Кетеново, вртите десно, од каде има дрвени патокази кои ве водат до целта. Се патува уште пет километри по неасфалтиран пат, до Куклица, кое го добило името токму по скаменетите кукли. Ако времето е убаво и топло, нема да имате проблеми и со автмобил да стигнете до пред самиот локалитет. Инаку, треба да пешачите од 15 минути до половина час по текот на Крива Река.

Во 2001 година архелогот Јовица Станковски од Народниот Музеј во Куманово – Република Македонија во близината на селото Кокино откри големо наоѓалиште на керамика од бронзениот период. Според димензиите и изгледот, локалитетот се разликуваше од сите дотогаш видени археолошки наоѓалишта. Локалитетот зафаќа површина од околу 5000 м2 скалесто поставен на две платформи веднаш под планинскиот врв Татиќев Камен со надморска висина од 1013 метри.
На прв поглед на локалитетот доминираат камените седишта наречени тронови кои се исклесани во карпа и се поставени во насоката север-југ. На тој начин човекот кој седи на еден од троновите е свртен кон источниот хоризонт, со што, кај археолози се јавила идејата дека можеби на тој начин биле набљудувани небесните тела.
Во 2002 година физичарот Ѓоре Ценев од Планетариумот при МКЦ во Скопје се вклучи во истражувањето на локалитетот и ја направи првата целосна археоастрономска анализа. На локалитетот беше лоцирана централната позиција за набљудување на небесните тела како и постоењето на седум маркери изработени во вертикалните стени со кои се означувале местата на изгревање на Сонцето и Месечината.

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска река, десна притока на реката Струмица, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.


Гробиштата во село Стровија, Прилепско.
Совршен спој на старото и новото...

Пронајден скапоцен камен со ликот на Александар Македонски

Пронајден е редок и исклучителни археолошки пронајдок во Тел Дора: скапоцен камен изгравирани со ликот на Александар Македонски

Архелошкиот пронајдок откриен во текот на археолошките ископувања извршени од тим доктори и тоа Аилет Гелвуе од Универзитетот во Хаифа и доктор Шарон од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
"И покрај минијатурната големина - димензијата на каменот е еден сантиметар со помалку од пола сантиметар,граверот успеал да ја наслика бистата на Александар, со сите негови карактеристики", вели Гелвуе.

Императорот е портретиран како млад, силен, со брада,прав нос и долга виткана коса, која ја држи дијадема-корона

Истражувачите од Тел Дора напоменуваат дека е изненадувачки да се најде такво уметничко дело во Израел, на периферијата на хеленскиот свет.

Александар бил веројатно првиот Македонец кој ги ангажирал уметниците да го направат неговиот портрет - како дел од култот на персоналитетот кој се трансформира во пропагандно оружје.

Уметниците умно ги комбинирале реалистичките елементи со класичниот идеал за убавина,одредени со хеленската уметност, владарските атрибути (дијадемата-короната во овој случај), и божествените елементи, кои по потекло се од хеленската и ориенталната уметност.

Подоцна и други владетели ја усвоиле оваа практика.

Инките древната цивилизација ?! Која исчезнала ?!

Мачу Пикчу ("стариот врв") понекогаш е нарекуван и како "изгубениот град на инките". Мачку Пикчу се наоѓа во Перу и е едно од седумте светски чуда

Историја Овој град е бил создаден како свет планински дом на големиот управник на инките Пачакутек, еден век пред да биде освоен од страна на Шпанската империја - околу 1440 година (град формиран пред доаѓањето на Колумбо во Америка од страна на Инките.), и функционирал се до 1532 година, кога шпанците ја нападнале империјата на инките. Во 1532 година цело негово население тајно исчезнало. Мачу Пикчу е конструиран е околу 1450 година, во кулминацијата на развојот на Инките, и бил напуштен 100 години подоцна, кога империјата се срушила по покорувањето од страна на Шпанците. Иако тврдината е лоцирана на околу 50 километри од Куско, главниот град на Инките, не бил никогаш најден и уништен од Шпанците, како многу други локации. Со векови, џунглата одоколу обраснала на локалитетот, и многу малку луѓе знаеле за неговото постоење. Во 1911 година историчарот и истражувачот Хирам Бингам го „донесе“ изгубениот свет пред очите на јавноста. Бингам и други мислеле дека тврдината била традиционалното место на раѓање на Инкитеили духовен центар на „девиците на сонцето“.

Функција Формиран е на висорамнина од н.в. од 2,430 m. Под градот се наоѓа долината Урумбаба во Перу на оклолу 70 km северозападно од градот Куско. Бил заборавен со векови од страна на светот, сепак не и од страна на локалното население. Интернационалното внимание градот го сврти археологот Хирам Бингам во 1911 година кој го дал првото научно мислење за ова место и за кое напишал Бестселер за тоа. Перу вложува огромни напори за по легален пат да ги врати во Перу илјадниците артефакти кои Бингам ги дислоцирал. Мачу пикчу е можеби еден од најпознатите симболи на империјата на Инките.

За инките се знае многу малку податоци , но тие биле народ кој бил доста напреден , имам читано во многу литератури дека и тие како маите исто така биле усовршени.Многу ме зачуди кога прочитав дека на плочи камени , тие напишале многу податоци за кои ние се уште не сме запознаени , исто тие знаеле за скафандерот односно оделата што ги носат космонаутите ?! Зарем е можно некои од нашите предци , да прошеткале малце низ универзумов ? Или пак да дошле некаде од универзумот ? Има многу работи кои допрва ќе се разјаснуваат ...

Секакви информации од ваша страна се добредојдени ,а јас ќе ви предложам да го изгледате видеово и поуживајте во музиката



Македонска Енциклопедија [66 MB]

Македонската енциклопедија во PDF формат (66 мегабајти)

http://rapidshare.com/files/292917318/MK__Enciklopedija.rar

Share

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More